Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ

Објавено May 7, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Граѓаните се уште го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Европската Унија, тие остануваат посветени. Ние сакаме да го комплетираме патот кон ЕУ, 20 години потоа. Извонредни сме во хармонизацијата на законодавството и сите анкети покажуваат дека е нормално да влеземе и политички во ЕУ, бидејќи географски, историски и културно отсекогаш сме биле дел од ЕУ. Меѓутоа, ова навистина е неодржлива состојба која што не говори само за нас, туку и за кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во една од најважните области, областа на проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот хрватски колега Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на земјава.

– Логично е ако сте добиле речиси 20-тина позитивни извештаи од Европскиот парламент и Европската комисија, дека тие се сериозни и дека имало причина за препораката, но Советот значи велел „не“ на толку многу „да“, не заради неисполнувањето на Копенхагенските критериуми, туку заради прашања што на некој начин значат и бараат ревизија на историјата, и покрај тоа што знам дека многу интелектуалци од просторите на бивша Југославија повикуваа на опасноста од ревизија на историјата, рече Сиљановска Давкова.

Истакна дека постојат нешта за кои може да се преговара бидејќи се рационални и бидејќи се врзани за мерит системот, но, вели, има нешта за кои не може да се исклучат емоциите и тогаш тоа е ирационално.

– Затоа, да, граѓаните се уште знаат дека она што било искрена и јасно определена заложба уште на Самитот во Солун, 20 години потоа нелогично е да го вратите назад. Да, граѓаните се за тоа, но како што рече претседателот на Хрватска, човек мора да мери понекогаш, да се соочи со прашањето дали досегашните отстапки довеле до исчекор и дали ова е крај на отстапувањата по кои ние станавме препознатливи или пак нема. Впрочем, во Договорот за пријателство и добрососедство нема во ниту еден член и одредба која вели дека треба да посегнеме по уставните измени, нагласи претседателката.

Сиљановска Давкова на прес-конференцијата со Милановиќ се осврна и на Преспанскиот договор и проблемите со Бугарија.

– Денеска повторно го посочив Преспанскиот договор, односно членот 7 став 1, во којшто се вели дека името Македонија за втората страна таа безимената, во правото секој знае без титулар нема договор, ама еве и таков договор има, значи означува територија народ со сопствена историја култура и јазик. За што разговараат комисиите бугарско-македонската? За историја, култура, па и за јазик. Во таа смисла, споменав за „pacta sunt servanda“, во Договорот нема такво нешто. Прашање е сега дали можете вие протокол или записник да третирате како извор на право во Преговарачката рамка и да треба тоа да го спроведувате. Значи ако е тоа така напишано во Преспанскиот договор тогаш прашањето историјата за културата и јазикот е ад акта, значи тоа е апсолвирано прашање. И кога ова го тврдам секогаш одам на преамбулата на Лисабонскиот договор, на Договорот за ЕУ, на Повелбата за фундаменталните права на ЕУ. Таму јасно пишува дека ЕУ ќе го почитува националниот и културниот идентитет. Прептоставувам не само на членките, туку на сите држави, оти тоа е логично, дигнитетот и интигритетот. Понатаму уставните и политичките структури. ЕУ ја потпиша повелбата на ОН, таму е правото на самопределување. Низ таа призма гледам, појасни претседателката.

Во однос на тоа што очекува од претстојните посети на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и подоцна на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Скопје овој месец, и дали овие посети значат придвижување на процесот, Сиљановска Давкова рече дека не може да го предвиди тоа.

Сакам прво да ги слушам, да ги чујам обајцата, бидејќи јас го изложив мојот став, тој е тој. Значи се разбира дека ќе разговараме за можни излезни решенија од состојбата во која што се наоѓаме. Ова навистина е ова неодржлива состојба која што не говори само за нас, туку реков и за кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во една од најважните области, областа на проширувањето. Значи нека дојдат веројатно по разговорот ќе имам можност врз основа на чуеното, врз основа на укажаното да го изнесам мојот став, а се разбира и тие можат да ви кажат што сме разговарале и како гледаат на состојбата за која денеска јас зборував, нагласи претседателката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто
Следна Статија Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков

Ако задоцни Владата со процедурата за избор на македонски судија во Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧПС), што…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Албански портал објави видео со тетовски полицајци во униформа кои влегуваат во цивилни возила со две девојки (ВИДЕО)

Албанскиот портал JOQ објавува видео на кое се гледа како двајца полицајци снимени во Тетово по краток разговор влегуваат во…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3,0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?