Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
МАКЕДОНИЈА

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

Објавено May 7, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.

Како што информираа од Кривичен, Советот за оценка на обвинителен акт постапувајќи по Обвинителниот акт во јавноста познат како „Адитив“, по ценење на наводите, како и приговорите на обвинението, донесол решение со кое во целост се одобрува обвинителниот акт.

– Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи по Обвинителниот акт со КО бр. 108/24, во јавноста познат како „Адитив“ по ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Согласно одобрениот обвинителен акт оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 73/25 кој преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а откако ќе биде насрочена главната расправа, терминот ќе биде достапен преку Календарот на судење на веб страната на судот, стои во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 27 февруари годинава поднесе обвинителен акт до Кривичен, против 31 физичко и пет правни лица.

Како што претходно соопшти ОЈОГОК, според наводите во диспозитивот првообвинетиот сторил кривично дело Несовесно работење во службата, додека шестмина се обвинети за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, на четворица од нив на товар им се става и кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Дванаесет лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а двајца од нив сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. На четири лица им се става на товар дека ги сториле кривичните дела – Злосторничко здружување и Перење пари и други приноси од казниво дело, додека четворица сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Останатите четири лица се обвинети за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски-Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Колку сте сигурни во хигиената на лебот што го јадете?

На една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ беше споделена фотографија од главниот град на Македонија, на која…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се повлечеме од набавката на нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање,…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

И Филипче дел од рекет шемата, ексклузивна фотографија од домот на Боки 13

Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ,…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?