Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево
МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Објавено May 7, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне санација на два моста кај селата Славеј и Врбјани.

Незадоволните граѓани стравуваат дека реконструкцијата на мостовите значително ќе им го отежне движењето и ќе мора да користат алтернативни патишта, кои ќе им одземат и повеќе време и повеќе средства.

И градоначалникот на О. Кривогаштани и од Општина Крушево бараат ургентно решение на проблемот. Сметаат дека понудената алтернативна рута не е безбедна и во корист на жителите.

Од Јавното претпријатие за државни патишта пак соопштија дека градежните работи се при крај, и побараа разбирање и трпение од локалното население.

-Градежните работи за ,,Санација на трупот на патот на регионален пат Р 1306, делница Прилеп-Крушево (кај Славеј),,во должина од 920 метри се при крај и најдоцна до 25 мај патниот правец повторно ќе биде ставен во функција. За време на изведбата на градежните работи патниот правец е затворен за сообраќај и согласно со одобрениот времен сообраќаен проект за режим на сообраќај поставена е соодветна сообраќајна сигнализација заради безбедност во сообраќајот.- ЈПДП.

Работите на овој патен правец започнаа во април лани. Неколку месеци имаше застој на работата, поради отежнатите временски услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија
Следна Статија Јанев до раководните лица во БЈБ: Функцијата не ви е штит, таа е одговорност, никој не е вечен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андреј Ковачев: Загрижен сум за она што и се случи на Арсовска – бугарска државјанка

Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија! Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?