Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул
СВЕТ

Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул

Објавено May 11, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни мировни преговори со Украина на 15-ти мај во Истанбул.

Путин се обрати до јавноста неколку часа по завршувањето на еднострано прогласениот тридневен прекин на огнот по повод прославата на Денот на победата над нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна.

Тој рече дека Русија предлага директни разговори со Украина во Истанбул на 15-ти мај во обид да се „отстранат корените на конфликтот“ и „да се постигне враќање на долгорочен, траен мир“.

„Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа на крајот од 2022 година, да ги продолжат директните преговори и без никакви предуслови. Предлагаме да започнат без одложување следниот четврток, 15-ти мај, во Истанбул, каде што се одржаа претходно и каде што беа прекинати“, рече Путин пред новинарите во фоајето „Малахит“ на Кремљ, кое беше преполно со руски и странски новинари, во еден и пол часот наутро по локално време.

Путин рече дека во текот на неделата за тоа ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Притоа истакна дека

Москва не ја исклучува можноста за постигнување договор за вистинско примирје.

„Покрај тоа, вистинско примирје, кое би го почитувала не само Русија, туку и украинската страна, би бил првиот чекор кон долгорочен одржлив мир, а не пролог за продолжување на вооружениот конфликт по вооружувањето, надополнувањето на украинските вооружени сили и трескавичното копање ровови и нови упоришта. Кому му е потребен таков мир?“, посочи Путин.

Русија ја започна својата, како што ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина за заштита од погром и протерување мнозинското руско и рускојазично население во југоисточна Украина, на крајот од февруари 2022 година.

По само еден месец и претходни преговори во Минск, кон крајот на март 2022 година токму во Истанбул беше постигнат мировен договор, по кој руските војски се повлекоа од пред Киев. Меѓутоа, веднаш потоа во украинската престолнина ненадејно допатуваа тогашниот британски премиер Борис Џонсон и тогашниот американски министер за одбрана Лојд Остин, кои според бројни сведоштва и од украински и од западни извори директно влијаеле украинскиот претседател да се повлече од договорот и војната да продолжи.

„Русија не ги прекина преговорите во 2022 година. Тоа беше Киев. Сепак, ние предлагаме Киев да ги продолжи директните преговори без никакви предуслови“, рече Путин, осврнувајќи се на неуспешните преговори кратко по руската инвазија.

„Им нудиме на властите во Киев да ги продолжат преговорите веќе во четврток, во Истанбул“, рече Путин.

„Нашиот предлог, како што велат, е на масата, одлуката сега е на украинските власти и нивните старатели, кои се чини дека се водат од своите лични политички амбиции, а не од интересите на својот народ“, порача рускиот претседател.

Челниците на Велика Британија, Франција, Гермaнија и Полска во саботата поддржаа безусловно 30-дневно примирје во Украина, поддржано од американскиот претседател Доналд Трамп, и му се заканија на Путин со „масивни“ нови санкции ако не ги прифати во рок од неколку дена.

Меѓутоа, ставот на Москва по тој предлог беше однапред познат. Русија на идејата за 30-дневен прекин на огнот досега редовно одговора дека таквото примирје без конкретен договор само ќе му даде време на Киев да ги прегрупира и своите единици кои од минатата есен се во дефанзивни операции а руската војска бавно но кунтинуирано напредува. Поради тоа, Русија рече дека таквото примирје мора да содржи одредба за забрана за испораки на вооружување во Украина, запирање на мобилизацијата, дислоцирање на единиците и престанок на обуката на украинските единици во странство. –

„Ние сме посветени на сериозни преговори со Украина. Нивната цел е да се елиминираат коренските причини за конфликтот, да се воспостави долгорочен, траен мир од историска перспектива“, рече Путин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Честитка од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан до новоизбраниот Папа Лав Четиринаесетти
Следна Статија Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави…

July 24, 2025
СВЕТ

Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата

Новиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар школуван на Сорбона, има искуство како активист против неконтролираниот развој на…

May 19, 2025
СВЕТ

Како да се однесувате во војна? Во Шведска, Финска и Норвешка се делат брошури…

Милиони Швеѓани почнаа да добиваат брошури со совети за населението како да се подготви и да се однесува во случај…

November 18, 2024
СВЕТ

Трамп: Ни треба Гренланд заради националната безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја повтори заинтересираноста на САД за преземање контрола врз Гренланд, кој е делумно автономна територија под…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?