Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет

Објавено May 13, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате многу просперитет во државата. Можете да станете следна Шавајрација за идните генерации. Можам да помогнам со вработувања, да донесам бизниси или инвестиции. Мислам дека Македонија не треба толку да се грижи за остатокот од светот, не треба толку да се грижи за ЕУ, ниту за кое било друго место во светот, туку треба да се грижи за самата себе, и оти може да биде Швајцарија на Балканот, или во светот, порача Крис Павловски, директор на компанијата „Рамбл“.

– Швајцарија многу добро ја користи перцепцијата дека е неутрална, и мислам дека Македонија може да го направи тоа. Мислам дека на ваков начин може да просперира, слично како што направи Ел Салвадор во Централна Америка. Мислам дека Македонија го има тој потенцијал да биде неутрална држава која ќе се држи настрана од политичките случувања и да се фокусира на економијата на државата, да ги отстрани бариерите за граѓаните и тоа треба да биде фокус, оцени Павловски во гостувањето на ТВ Сител.

Тој кажа дека се запознал со премиерот Христијан Мицкоски и оти неговите родители се по потекло од Македонија.

– Моите родители се од тука, мојот татко е од Преспа, мојата мајка е од Мариово, двајцата потекнуваат од села во овие области и имам голема поврзаност со оваа држава, ја сакам Македонија и сакам се да направам за да напредува, да донесам колку што е можно повеќе знаење, дури и инвестирав во компании тука во 2011 година, вработивме многу луѓе, дури и Рамбл има многу луѓе тука. Секогаш мислам на Македонија и на начините како да помогнам. Актуелниот премиер е одличен домаќин, прифаќа идеи и тие односи ги развиваме изминатите години. Тој е одлична личност, рече Павловски.

Според него, треба да се гледа низ призмата „не очекувај владата да направи се за тебе, туку работи напорно за себе и за својата држава, и таа може да биде одлично место“. 

– Ако го отворите пазарот – банкарството беше голем сектор еден од најголемите во светот, Швајцарија капитализираше од тоа. Новиот сектор кој се издигнува сега е крипто светот, целото законодавство кое Америка се обидува да го донесе во моментот. Ако Македонија стане првата држава во Европа која ќе ги усвои законските измени и ќе им дозволи на крипто компаниите да дојдат тука, ќе има многу компании кои ќе ја напуштат Европа само за да дојдат во Македонија. Според мене, треба само добри закони. Постои реална можност во дигитализацијата и напредно размислување во вештачка интелегенција и крипто. Ако Македонија е напред во законската регулатива, тоа природно ќе донесе луѓе и бизниси, вели Павловски. 

Тој истакна дека има околу 100 луѓе кои работат во компанијата „Космик девелопмент“ во Битола, додека во однос на „Рамбл“ планираат да направат многу тука.

– Проценуваме капацитети за центар на податоци, можности за инвестирање во енергетика, многу различни работи во кои може да се прошириме и да направим многу повеќе, рече Павловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Богдановиќ : Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ
Следна Статија Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

НОВ СРАМ ВО СУДСТВОТО: Потврдени ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР за смртта на младата Теодора – семејството со длабока болка и бес

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Со емотивна порака на социјалните мрежи од Владимир Блажев – Панчо од ДНК, се прости и неговата сопруга Маја. -Не…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Бигорски манастир објаснуваат зошто паричката се става во василопита на Св. Василиј

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?