Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

Објавено May 16, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.  

– Само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, влада со влада, е привилегија, бидејќи зборуваме за една од најголемите велесили во светот и влада на држава које е една од најголемите во Европа и таа нема вакви договори со многу земји, можеби сме една од ретките. Во деновите што следат сите детали ќе бидат објавени во македонската јавност, истакна Мицкоски.

Претходно, тој и во објава на Фејсбук оцени дека ова историски ден за Македонија. 

– Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство. Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка. Самиот договор се преговараше повеќе месеци помеѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области, напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата со Стармер.

Двајцата премиери во изјавите на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

Договорот, кој се оценува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени. Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство.

Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции
Следна Статија Обвинителките Јосифовска и Стојковиќ: Лопатата на Велибор Манев докажува дека планот бил да се убие Вања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Деца во униформи и пушки в раце во училиште е недозволиво, остро ќе реагираме

Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите

Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд многу порано требаше да го укине „балансерот“, вели Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, вечерва во гостување на ТВ21 ја искоментира одлуката на Уставниот суд за укинување на…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Снегот нема да ги изненади институциите, вели Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?