Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Промовиран прирачник: 30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Промовиран прирачник: 30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето
ЗДРАВЈЕ

Промовиран прирачник: 30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето

Објавено May 17, 2025 12:40
Сподели
Сподели

 Во рамки на Неделата на женското здравје, денеска во Скопје беше промовиран прирачник за скрининг и дијагностика на нарушувања на менталното здравје во претконцепцискиот и перинаталниот период, наменет за здравствени професионалци, пациенти и нивните семејства.

Прирачникот содржи препорачани прашалници кои жените можат да ги пополнат додека чекаат во чекалните, со цел навремено препознавање на анксиозно-депресивни состојби. Тој е дизајниран да помогне во рана идентификација на ментални потешкотии кои често остануваат незабележани, а со тоа и нелекувани.

Според авторката на прирачникот е д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, нелекуваните состојби може да се продлабочат. 

-Званично, бројките се движат околу 15 проценти, но ако на тоа додадеме уште 15 проценти неоткриени случаи, доаѓаме до 30 проценти жени кои во овој период се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии, изјави Арсова.

Таа нагласи дека нелекуваните состојби може да се продлабочат и да доведат до сериозни последици по мајката, детето и целото семејство.

-Ако мајката не е способна да се грижи за бебето, не може да се воспостави здрава релација мајка-дете. Тоа носи ризик за емоционални и когнитивни потешкотии кај детето, па дури и развој на депресивни состојби во подоцнежниот период, додаде Арсова.

Во однос на причините поради кои не се откриваат овие состојби на време, таа сподели дека во голем дел е и поради минимизирање на нивното значење. 

-Причината за ненавремено откривање е непрепознавање од идните мајки, не се доволно информирани и едуцирани што е тоа што се случува со нив. Непрепознавање од страна на околината, понекогаш и осудување, односно не ти е дозволено да бидеш депресивна додека си бремена и откако ќе се породиш треба да бидеш радосна и среќна и заради тоа голем број од жените не се осудуваат да побараат каква било помош и што е многу важно, непрепознавање од страна на здравствените работници кои не го препознаваат или го минимизираат значењето на психичките потешкотии кои жените ги имаат во текот на овој период, посочи директорката на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, Славица Арсова.

Промоцијата на прирачникот се одржа во рамки на симпозиум и прес-конференција организирани од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), како дел од одбележувањето на Неделата на женското здравје, која оваа година се одржува под мотото „Сакај се себеси. Сакај го своето здравје!“ од 12 до 19 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миновски: Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
Следна Статија Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек

Во Велика Британија е покренато првото клиничко испитување во светот на вакцина којашто не треба да се чува во фрижидер.…

April 30, 2025

Нестле повлекува одредени производи на млечна формула поради загриженост за токсини

Компанијата презема мерки за безбедност на производите за бебиња со превентивно повлекување на одредени артикли

January 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Џикова: Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Изминатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци…

May 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти со ретки болести

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржа прес-конференција по повод симпозиумот во…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?