Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола
МАКЕДОНИЈА

Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола

Објавено October 3, 2024 09:24
Сподели
Сподели

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на прилепчаните Никола и Наташа Василевски, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат се уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цукерберг стана четвртиот најбогат човек во светот
Следна Статија Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје се подготвува за „Бела ноќ“: целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена

Универзална сала и Град Скопје ја најавуваат 21-та изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи на 04…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители се „пере“ за домашниот притвор на Груби

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори

Владата функционира одлично, составена е од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?