Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник
МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник

Објавено October 3, 2024 12:21
Сподели
Сподели

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.

Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.

Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.

Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, вели Перински.

Општините секојдневно се соочуваат со уништена урбана опрема, искршени детски реквизити, уништени спортски игралишта…. На почетокот на јули, Општина Центар до медиумите испрати видеа како малолетници во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема на детско игралиште во Капиштец. Видеата, како што информираа од Општината, биле пристигнати од загрижени граѓани.

И претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски неодамна на телевизиско гостување рече дека треба да има механизам за отповикување на градоначалници кои не ја извршуваат функцијата поради која се избрани од страна на граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека тим од градоначалници и правници подготвуваат предлог законски измени коишто планираат да ги достават до Министерсвото за локална самоуправа.

Градоначалниците имаат голема моќ и освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет, рече Ѓорѓиевски во дебатата „Клик плус“ на ТВ21.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола
Следна Статија Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

И покрај раните утрински часови, мерните податоци укажуваат дека квалитетот на воздухот во Скопје повторно е сериозно нарушен. Според апликациите…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд

Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува…

May 19, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?