Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат
МАКЕДОНИЈА

Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат

Објавено May 19, 2025 12:10
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да имаме затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор. Според него, ова е голема работа со оглед дека во затворите низ земјава имаме 2300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите има над 100% исполнетост на капацитетот и оттаму основната намена на алките е да се намали затворската популација.

Во моментов, 60 лица се апликативни кои треба да добијат алки. Постојат два начини за добивање – самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори.

-Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици, кажа Пандов на прес-конференција и информира дека кај него на нога веќе има една алка која се тестира.

Додаде дека алката функционира.

Според него, Управата за санкции формирало одделение за електронски надзор. Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка.

Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, прецизира Пандов кој информира и дека еден затвореник ја чини државата над 2000 денари дневно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наскоро евра во нова форма: Европската банка објави најнови вести, се носат клучни одлуки
Следна Статија Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судот не поведе постапка во предметите од Хелсиншки комитет и „Бехтел и Енка“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со која се бараше испитување на уставноста на дел од Законот за изградба на автопатиштата…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба, заеднички да се реализираат проекти

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?