Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
МАКЕДОНИЈА

Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди

Објавено May 21, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Здружението за заштитна на животните, Анима Мунди денеска обвини за нов насилен случај врз животни, односно свирепо мачење на штрк во Гевгелија. Како што информираат, штркот бил измачуван од страна на група деца. Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.

-Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција. „Анима Мунди“ со години укажува дека хуманоста, сочувството и грижата кон животните и природата мора да се негуваат од најрана возраст – во образовните институции, во медиумите, но најмногу дома. Само преку едукација, системска промоција на етички вредности и одговорно родителство, можеме да изградиме општество во кое вакви акти на суровост ќе станат незамисливи, велат од здружението и бараат итна реакција од надлежните институции.

Според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле штркот.

Закони за заштита на животните во земјава има, но не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат, но, надлежните институции не преземаат ништо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајко Славески е предлогот за нов гувернер
Следна Статија Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонски лекари вчера спасувале животи во Магдебург

Покрај двајцата лекари од Македонија на кои јавно им се заблагодари македонската амбасада во Берлин меѓу хероите кои вчера спасувале…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло, еве кога ќе има заладување

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори – Скопје не е само град, тоа е душата на Македонија

Во предвечерието на 13 ноември, ќе кажам дека тоа е печат на нашата историја, сведоштво на храброста и на решителноста…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) ИРЛ: Братот на претседателката на Кривичен суд добивал мито од газдата на „Пулс“

Истражувачката репортерска лабораторија направи видео сторијата за пожарот во Кочани, во која откриваат необјавени документи, досега необјавени снимки, но и…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?