Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи

Објавено May 21, 2025 19:56
Сподели
Сподели

Живееме во време на значителни предизвици на економски план и мораме да вложиме напори за целосно користење на човечкиот капитал и поголема поддршка на бизнисите предводени од жени. Еден важен аспект е пристапот до финансии на жените претприемачи. Во овој контекст, Народната банка потпиша Меморандум за соработка со ЕБОР за примената на Кодексот за финансирање жени претприемачи, што претставува светска рамка за поттикнување посветеност, лидерство и иновации со цел да се намали родовиот јаз во финансирањето.

Во рамките на активностите предвидени со Меморандумот, Народната банка за првпат во нашата земја направи анализа за пристапот до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени (ММСП). „На крајот на првиот квартал од 2025 година, според првичните податоци, на ММСП во сопственост на жени им се одобрени 13,8% од вкупниот број банкарски кредити одобрени на ММСП со само 7,5% од вкупната вредност на кредитите одобрени на оваа група компании. Податоците покажуваат дека жените претприемачи се висококвалитетни клиенти со многу ниска стапка на нефункционални кредити од 1,54%, во споредба со 2,76% од ММСП во сопственост на мажи. Релативно нискиот удел на жените претприемачи во заемите бара подлабока анализа на причините, како и ефективни решенија за посилна финансиска поддршка на жените претприемачи или за започнување или за одржување на нивниот бизнис“, истакна Ангеловска-Бежоска. Притоа, гувернерката ги повика финансиските институции да се приклучат кон поддршката на Кодексот за финансирање на жените претприемачи и за негова поширока примена при осмислување на политиките и производите за микро, малите и средните претпријатија предводени од жени.

„Ги охрабрувам сите банки и штедилници, како и другите релевантни субјекти да се приклучат кон Кодексот и да станат дел од Националната коалиција за спроведување на Кодексот, од што ќе произлезат голем број активности и креативни идеи за надминување на препреките за женското претприемаштво. Им честитам на првите четири банки коишто веќе ја препознаа вредноста на проектот и се приклучија кон Кодексот“, порача Ангеловска-Бежоска, при што истакна дека само со заемна поддршка може да се подобри родовата финансиска вклученост и женското претприемаштво што е основа за посилен, одржлив и инклузивен раст.

Кодексот за осмислување политики за поддршка за жените претприемачи е спроведен или е во фаза на спроведување во 30 земји, меѓу кои и нашата, со поддршка и од ЕБОР, а целта е со заеднички активности да се зголеми финансирањето на женското претприемаштво.

„Во ЕБОР, веруваме дека инклузивните економии се отпорни економии. Жените претприемачи се моќен двигател на иновациите и растот, но често се соочуваат со препреки поради кои имаат нееднаков пристап до финансиите. Преку нашата поддршка на Кодексот за финансирање на жените претприемачи, горди сме што соработуваме со Народната банка придонесувајќи за системски промени и за еднаков пристап до финансиите. Податоците јасно покажуваат дека бизнисите предводени од жени се силни и сигурни клиенти − сега е време да се спои тој потенцијал со реалните можности. Ги покануваме сите финансиски институции да се приклучат кон оваа иницијатива и да помогнат во намалувањето на родовиот јаз во финансирањето“, рече Фатих Туркменоглу, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
Следна Статија Ванчо Михајлов не бил фашист, туку симбол на борбата за независна Македонија, кажа екс-премиерот Георгиевски на судењето во Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија

Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска…

July 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Првиот блок од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа

Првиот блок од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информациите од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен…

January 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?