Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
СПОРТ

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Објавено May 22, 2025 08:17
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ. Вардар го освои шестиот Куп во клупската историја, прв по пауза од 18 години.

Вардар до триумфот го предводеше младиот напаѓач Талевски. Ги постигна двата гола во 26. и 48.минута од натпреварот.

Струга имаше свои шанси во ова финале, но не искористи ниту една. Најдобрите не ги искористија Укпа, Радески и Кривањева кога резултатот беше 0:0. Откако Талевски го постигна првиот гол, Доминго ја погоди стативата.

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски го освои првиот трофеј во Купот, додека неговиот колега Илчо Ѓорѓиоски не успеа да дојде до трофејот во Купот и во своето второ финале.

Вардар со оваа победа избори пласман во квалификациите во Конференциската лига.

По мечот стратегот Гоце Седловски беше презадоволен.

„Сакам да им честитам на играчите на Вардар и на Струга. Сосема заслужено победивме, она кое го барав од сите, беше исполнето на теренот. Оваа екипа заслужува повеќе, знаете колку победи имаме оваа полусезона. Вакви фраери, им честитам. Знаете сами каде беше Вардар пред шест месеци, а каде е сега. Купот е заслужен. Верувам дека оваа екипа ќе се надградува и со неколку засилувања ќе дојдеме поинаку“, изјави Седлоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Следна Статија (Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон, убиецот е уапсен, извикувал „слобода за Палестина“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кралот се врати: Ноле победи на неговиот турнир, во Атина

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера!. Во Атина каде што живее, на неговиот турнир,…

November 8, 2025
СПОРТ

Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно

Лука Јовиќ (27) оваа сезона три пати играше за Милан во Серија А, поточно на теренот мина само 78 минути.…

January 12, 2025
СПОРТ

По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло…

November 30, 2024
СПОРТ

Овиедо по 24 години се врати во Примера

Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шапнскиот фудбал. Во дрматичниот реванш против Мирандес, Овиедо победи по…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?