Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Објавено May 22, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти.

-Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денеска потпишуваме Договор меѓу двете влади, што го нарекуваме Меѓувладин договор, за развој на инфрструктурни проекти во клучни сектори како што се транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори коишто ќе ги развиваме, тука е здравството и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период, изјави Николоски по потпишувањето на Договорот. 

Навистина сме благодарни, продолжи Николоски, што Обединетото Кралство со својот инструмент за поддршка за надворешно финансирање поставило рамка од пет милијарди фунти, што е најголемиот договор што државата го потпишала во својата историја во економската сфера.

-Ова го гледаме како одлична можност да се развива целата држава. Веќе имаме три проекти коишто се подготвени, тоа е проектот за брзата железничка, Коридор 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но секако и други проекти. Она што е уште поважно за нас е дека ќе го искористиме искуството, но и најдобрата експертиза од британската јавна администрација, како и британскиот бизнис сектор, со што нашата администрација и нашиот бизнис сектор ќе дојдат до едно сосема ново ниво, потенцира Николоски.

Британскиот министер Томас истакна дека двете држави имаат силни билатерални односи, како сојузници во НАТО и оцени дека ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу двете земји.

Тој изрази задоволство поради можноста за соработка на македонските и британските бизниси со цел да се испорачаат важни инфраструктурни проекти во земјава.

-Меѓувладиниот договор ќе поддржи испорака на клучни проекти, прво со фокус на модерни и здравствени установи и пристап до здравствени услуги. Секако тука е новата железница со што ќе се намали времето на патување и за луѓето и за стоките. Инфраструктурните инвестиции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Знам дека е тоа наша заедничка цел, за нашите влади се разбира и ова партнерство е новиот темел за поддршка на таквата испорака за да се поттикне растот, да се споделат најдобрите пракси меѓу нашите две нации и секако нашите меѓусебни односи да се издигнат на едно ново ниво, нагласи британскиот министер Томас.

Македонската Влада завчера го усвои текстот на Договорот откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Посетата на британската престолнина, вицепремиерот Николоски кој предводи владината делегација во која се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии. в

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стопанската комора бара над 70 отсто учество на бизнисот во реализацијата на британските инвестиции од стратешкото партнерство
Следна Статија Ѓорческа елиминирана во 2. коло на турнирот Куршумлиска бања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Силниот ветер однесе кров од зграда во Ѓорче Петров

Силниот ветер попладнево однесе кров од зграда во скопската општина Ѓорче Петров. Кровот паднал на улица, прчинета е материјална штета.…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со 56,1 милиони франци, Швајцарија ја потврдува поддршката за развој на нашата држава

Со нашиот долгогодишен партнер – Швајцарија, ја одбележуваже новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028. Премиерот Мицкоски…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?