Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
МАКЕДОНИЈА

Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји

Објавено May 23, 2025 08:39
Сподели
Сподели

Со потпишувањето на партнерството  Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

– Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија. Ќе може да се потпре на широк спектар на поддршка, вклучувајќи програми за техничка помош и до 5 милијарди фунти поддршка за финансирање проекти во Северна Македонија, наведуваат од амбасадата.

Потпишанаото партнерство Влада со Влада, како што се посочува, ја нагласува посветеноста на двете земји да соработуваат на клучни инфраструктурни проекти кои обезбедуваат социјални, економски и еколошки придобивки.

– Со искористување на експертизата и иновациите на двете земји, ова партнерство ќе го поттикне развојот на инфраструктура што поттикнува раст и просперитет. Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој G2G, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји. Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси работат во партнерство со Владата на Македонија и нивниот локален синџир на снабдување за реализација на инфраструктурни проекти низ Македонија. Овој пристап ќе генерира взаемни придобивки за двете земји преку споделување на иновации за испорака на отпорна инфраструктура што го поттикнува растот, се вели во соопштението од Амбасадата на Обединетото Кралство.

И британскиот амбасадот Метју Лосон, во интервју за 360 степени, оценува дека ова е клучен момент во односите помеѓу двете земји.

Договорот влада со влада, според амбасадорот, претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу Лондон и Скопје. Тоа вклучува соработка меѓу компании и влади, техничка помош од британски владини институции за поддршка на инфраструктурни проекти.

– Владата веќе ги наведе двата приоритета – брзата железница и здравствениот сектор – болници. Што може граѓаните да очекуваат? Квалитетна и брза изградба на инфраструктура со британска експертиза, според британски стандарди. Во рамки на договорот влада со влада ќе донесеме и институции од нашата страна за техничка поддршка. На пример, ќе имаме специјалисти од јавното здравство кои ќе соработуваат со вашата влада за изградбата на болниците. Исто така, ќе го имаме и конзорциумот „Кросреил“, ако Владата го сака, а тоа е истиот оној што го изгради и дизајнираше комплексниот инженериски потфат на железничка мрежа исток-запад во Лондон. Значи, ќе ја понудиме оваа техничка експертиза. Што се однесува до финансирањето, постои британска извозна финансиска рамка која го нуди договорот за финансирање. Вкупната рамка е 5 милијарди фунти и досега владата разгледува искористување на околу 2 милијарди фунти, што е малку повеќе во евра, за стратешките проекти во железницата и болничката инфраструктура, изјави амбасадорот Лосон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Даниловски за појавата на мајмунските сипаници во Македонија: Што треба да знаете за оваа заразна болест?
Следна Статија Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дранго ќе биде разрешен ако се потврдат тврдењата за убиството на мечката, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ ако се докаже дека ја убил мечката со која што…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина

Со интонирање на македонската, а потоа и на косовската химна, со највисоки почести денеска во Приштина беше пречекан премиерот Христијан…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола

Во Основното јавно обвинителство во Битола денеска ќе биде пуштен во функција Истражен центар. Како што соопштија од Државното јавно…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?