Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Објавено October 4, 2024 09:17
Сподели
Сподели

Во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава, велат статистичките податоци на Институтот за јавно здравје во  новиот извештај „Морталитет и морбидитет од рак на дојка кај жени во Република Македонија по повод одбележувањето на Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка.

Во извештајот се посочува дека во земјава најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010 до 2023 година е ракот на дојка.

-Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени. Во анализираниот период се забележува тренд на пораст на бројот на умрени жени од рак на дојка, посочуваат од ИЈЗ.

Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жени во Македонија во периодот од 2017 до 2021 година.

-Во 2017  биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени. Во анализираниот период бројот на новозаболени жени од рак на дојка осцилира, велат статистичките податоци на ИЈЗ.

Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во октомври секоја година, е воспоставен во 1985 година, со цел да се промовира скрининг и превенција на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД, односно 2,3 милиони жени ширум светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Чурлинов е херојот на Јагелонија за прв триумф во Конференциската лига
Следна Статија Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Никотинот во македонските училишта: 13,6% од учениците користат тутунски производи

Никотинот во училиште станува сè повидлив проблем откако национално истражување спроведено во 2024 година во 75 училишта, со опфат од…

February 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина

Во ноември годинава, беше извршена прва трансплантација на рожница во Македонија во јавното здравство. На Клиниката за очни болести беа…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра

Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Руска вакцина против рак подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?