Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се „гужваме“ по граници: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се „гужваме“ по граници: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии
МАКЕДОНИЈА

Ќе се „гужваме“ по граници: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии

Објавено October 4, 2024 10:35
Сподели
Сподели

Државјаните на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС).

Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години.

Оваа регулатива ќе се применува на сите земји од ЕУ освен Кипар и Ирска, како и на Исланд, Норвешка и Швајцарија како дел од Шенген зоната.

Државјаните кои за влез во ЕУ требаат виза ќе треба да внесат само фотографија на лицето, бидејќи отпечатоците се веќе регистрирани при поднесување на визата.

Ќе се собираат информации за патната исправа и други лични податоци на патниците, вклучувајќи ги и датумите на влез и излез и електронски ќе бидат регистрирани во системот.

Доколку го надминете дозволениот период во европските земји кои користат EES, системот ќе ве идентификува и ќе ги запише овие податоци. Во случај властите да ви одбијат влез, системот ќе ги евидентира и овие податоци, посочуваат од Европската комисија.

Оттаму појаснуваат дека дозволата за престој во ЕУ, односно во земјите од Шенген, се води како период од 90 дена во кои било 180 дена и се брои како еден период за сите европски земји кои користат ЕЕС.

Тие посочуваат дека европските земји кои користат EES можат да одлучат дополнително да ги автоматизираат нивните процеси. Автоматизацијата значи дека граѓаните кои не се членки на ЕУ можат да имаат корист од наменската опрема – „систем за самопослужување“.

Доколку е достапен на граничниот премин, системот за самопослужување овозможува регистрација при преминување на границата, проверка дали податоците се сè уште евидентирани во EES и дали податоците се присутни, како и нивно поставување за последователна проверка од страна на службеникот за пасошка контрола.

По користењето на системот за самопослужување, можете да отидете на лентата за гранична контрола, каде што службеникот за пасошка контрола веќе ќе ги има добиено информациите од системот за самопослужување (вклучувајќи проверки од други бази на податоци), потврда за вашиот идентитет и преостанатото времетраење на вашиот престој. Службеникот за пасошка контрола потоа може да поставува дополнителни прашања пред да одлучи да одобри или одбие пристап до територијата за која станува збор. Автоматизираните гранични процеси, пред пристигнувањето кај службениците за пасошка контрола, ќе помогнат постепено да се намали времето на чекање. Автоматизацијата ги заменува рачните проверки кои одземаат многу време, според Европската комисија.

За да ги користи услугите на системот за самопослужување на границите, патникот мора да има биометриски пасош кој содржи чип со неговите биометриски податоци собрани од имателот во моментот на поднесување на барањето за пасош.

Доколку немате биометриски пасош, нема да можете да ги користите системите за самопослужување, предупредуваат од Европската комисија.

Меѓутоа, на луѓето кои немаат биометриски пасош нема автоматски да им биде одбиен влез во ЕУ, односно во Шенген зоната.

Во принцип, при преминување на границата ќе се прифаќаат и биометриски и небиометриски пасоши, доколку се валидни и се исполнети сите други услови за влез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најавува: За две до три години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија
Следна Статија (Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР најавува порестриктивни мерки за тротинетите

Министерството за внатрешни работи размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Министерот Панче Тошковски денеска најави законски измени во иднина,…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добрамисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Екс министерката Петровска доби кривична пријава од војниците

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста,…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?