Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) На човек кој пиел до три литри газирани пијалоци секој ден, му биле отстранети 35 камења од бубрезите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > (ВИДЕО) На човек кој пиел до три литри газирани пијалоци секој ден, му биле отстранети 35 камења од бубрезите
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) На човек кој пиел до три литри газирани пијалоци секој ден, му биле отстранети 35 камења од бубрезите

Објавено May 26, 2025 21:45
Сподели
Сподели

Еден доктор предупреди на опасностите од прекумерна консумација на газирани пијалоци откако морал хируршки да отстрани дури 35 камења од мочниот меур на пациент. Човекот пиел до три литри газирани пијалоци секој ден.

Бразилскиот уролог д-р Талес Андраде сподели видео на Инстаграм кое досега го гледале повеќе од 8,5 милиони луѓе. Во видеото, тој рече дека „прекумерната консумација на газирани и шеќерни пијалоци“ може да доведе до формирање на камења во бубрезите.

Д-р Андраде покажа сад полн со големи жолти камења што ги отстранил за време на постапката, додека пациентот сè уште бил на операционата маса.

Камењата во бубрезите се калциумови наслаги што се формираат во уринарниот тракт. Тие можат да предизвикаат силна болка, гадење, повраќање, печење при мокрење, па дури и крв во урината.

View this post on Instagram

A post shared by Dr. Thales Franco de Andrade – Urologista (@drthalesandrade)

Доколку не се лекуваат, камењата можат да се движат кон мочниот меур и да предизвикаат сериозни компликации како што се откажување на бубрезите или сепса, опасна состојба каде што телото ги напаѓа сопствените ткива и органи.

Во описот на видеото, д-р Андраде објасни како формирањето на камења е предизвикано од прекумерен внес на шеќер. Газираните пијалоци содржат големи количини шеќер, што го зголемува нивото на калциум во телото, а со тоа и ризикот од формирање камења. Крв во урината, инфекции на уринарниот тракт, чувство на мачнина и повраќање се исто така чести предупредувачки знаци.

Бубрежните камења се јавуваат кај повеќе од 10% од луѓето, најчесто на возраст меѓу 30 и 60 години. Тие се формираат кога штетните супстанции од крвта почнуваат да се таложат и да формираат кристали, кои со текот на времето се стврднуваат и се претвораат во камен.

Повеќето камења се доволно мали за да поминат низ урината. Меѓутоа, кога ќе станат преголеми, потребна е операција за нивно отстранување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа
Следна Статија Нивните банани ја „покриваат“ Европа, а тие штрајкуваат веќе еден месец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за очни болести во Скопје извршени 16 трансплантации на рожница, најмладиот пациент имал 13 години

На Универзитетската клиника за очни болести во Скопје биле извршени 16 хируршки интервенции – трансплантација на рожница, односно кератопластика. Најмладиот…

March 24, 2026
ЗДРАВЈЕ

Казнет нелегален продавач: Oдземени 250 килограми грицки со поминат рок

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со…

March 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Денеска е Син понеделник

Дали сте слушнале за терминот ,,Син понеделник“(Blue Monday)? Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако…

January 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чај од шипка: Има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот, само ако го подготвите на овој начин

Чајот од шипка е идеален напиток кој не само што ве освежува, туку помага и во зајакнување на имунолошкиот систем,…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?