Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)
БАЛКАН

Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

Објавено October 4, 2024 14:06
Сподели
Сподели

Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, соопшти дека неофицијално добил информации за 20 загинати лица во поплавите и одроните во општина Јабланица, која се наоѓа на северот од Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК) во Босна и Херцеговина.

Според Федералната управа за цивилна заштита, тие испратиле барања до Федералното МВР и Оружените сили на БиХ за помош. Хелез, во изјава за Ал Џазира, посочи дека од урнатините биле спасени едно дете и жена, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена од страна на МВР.

Порталот Кликс известува дека во акцијата за потрага и спасување, покрај војниците на Оружените сили на БиХ, учествуваат и британски специјалци кои биле на обука во земјата.

За денеска е закажана итна седница на Советот на министри на БиХ за поплавите.

Фотографиите кои доаѓаат од Јабланица се драматични – куќи се под вода, голем број на возила се однесени од водената стихија, а целосно е уништен патот кај Комадиново врело.

Сообраќајот кон јужниот дел на БиХ е сериозно нарушен, многу патишта се блокирани, а единствениот начин да се стигне од Сараево до Мостар е преку централна Босна. Владата на ХНК ги предупреди граѓаните да не патуваат кон Јабланица и Мостар. Во селото Долна Јабланица, од џамијата е видливо само минарето, а патот кон Блидиње од Јабланица е целосно уништен поради катастрофалните поплави.

Федералната управа за цивилна заштита соопшти дека има голема потреба од тешка механизација за расчистување, бидејќи на неколку места се појавија одрони.

Шумската служба за спасување од Јабланица ги повика жителите да се пријават за да им помогнат на спасувачите и пожарникарите во акциите за спасување. Од пожарникарската станица во Јабланица изјавија за Кликс дека населбата е целосно отсечена и блокирана.

„Полицијата не извести дека е блокирана и железничката пруга. Моментално не може да се влезе ниту да се излезе од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилната телефонија нема сигнал”, соопштија од пожарникарската станица.

Федералната управа за цивилна заштита соопшти дека е прекината патната комуникација на правците Јабланица-Мостар, Јабланица-Рисовац, Јабланица-Прозор Рама и Јабланица-Коњиц.

Покрај Јабланица, поради обилните врнежи, поплавени се улиците и станбените објекти во Кисељак и Крешево. Од Службата за цивилна заштита на општина Кисељак апелираа до жителите да не патуваат, а во итни случаи да се обратат до нивната служба, пожарникарите, брзата помош или полицијата.

Средното училиште „Иван Горан Ковачиќ” во Кисељак соопшти дека наставата е одложена поради поплавите.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена веднаш да помогне на Босна и Херцеговина, која моментално се соочува со поплави, доколку тоа биде побарано.

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави подготвеност за испраќање на хеликоптери, чамци и финансиска помош.

https://youtu.be/vgBWPrapBwg?si=VcG00TGAGaI_9Nov

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
Следна Статија Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително

По бојкотот на големите трговски ланци што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на…

February 6, 2025
БАЛКАН

Дијана Хрка го продолжи штрајкот со глад: Граѓани ја поддржуваат пред Собранието

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, и денес,…

November 8, 2025
БАЛКАН

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

Руската служба за надворешно разузнавање -СВР, објави дека протестите во Србија во голема мера се поврзани со субверзивните активности на…

September 15, 2025
БАЛКАН

Koj e Koстадин Костадинов: Руски радикал што ја мрази Македонија

Костадин Костадинов е главна тема на медиумите кај нас откко побара присоединување на Македонија кон Бугарија бидејќи тоа било нешто…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?