Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречен нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречен нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка
ХРОНИКА

Спречен нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка

Објавено May 27, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Службата за мобилни скенери спречи обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка.

Мигрантите се откриени при детална контрола на двe товарни возила со полски регистарски таблички, при влез во државата преку граничниот премин Богородица, каде биле сокриени во товарниот простор наменет за палети.
Во првиот камион се пронајдени четири лица, двајца државјани на Сирија, еден државјанин на Египет и еден државјанин на Ирак. Во вториот, биле пронајдени три лица, државјани на Алжир и Палестина. Во двата случаи мигрантите биле предадени на надлежните полициски службеници од граничниот премин за понатамошна постапка.

Мобилен царински тим во царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на стока пријавена за увозно царинење од испраќач од Дубаи наменета за македонска фирма откри 20 паметни рачни часовници Apple watch ultra и 11 кабелчиња за полначи во вкупна вредност од 680 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи.

Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ запленија 13 кутии со по 50 ќесички влажни шамивчиња за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“. Непријавените производи се пронајдени при контрола на автобус кој сообраќал на линијата Турција – Косово.

Царински службеници на граничен премин Јажинце во два случаи спречија обиди за шверц, при што запленети се дрон MAVIC 2 со три батерии и осум резервни перки со проценета вредност од 72 илјади денари, како и 406 разни текстилни производи.

· При преглед на автобус на влез во државата на граничен премин Деве Баир во два куфери во сопственост на еден од патниците се пронајдени над 75 парчиња брендирана облека којашто не ја пријавил.

· Царински службеници на граничен премин Богородица запленија 8 штеки цигари откако истите ги открија при контрола на товарно моторно возило на влез во државата. Контролата е извршена по пријава од 197, при што во приколката во предниот десен дел на багажот затрупани со стока со која бил товарен се пронајдени непријавените штеки цигари спакувани во ќеса која била излепенa со селотејп.

· Во друг случај исто по пријава на 197 на граничен премин Богородица, повикана е Службата за мобилни скенери којашто изврши скенирање на возилото при што во кабината се пронајдени шест штеки цигари што возачот не ги пријавил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет
Следна Статија Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност…

April 3, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје

Првичните информации во врска со несреќата на автопатот Тетово-Скопје, на излезот од Тетово, помеѓу автомобил „Опел“ со тетовски регистарски таблички…

July 31, 2025
ХРОНИКА

Кривична за мачење на животни за монструмот кој влечеше куче со автомобил низ Крива Паланка

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?