Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии
ЕКОНОМИЈА

За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии

Објавено May 28, 2025 13:53
Сподели
Сподели

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјава.

Измената е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се применуваат во ЕУ, адаптирано на извозно-увозните потреби на стопанството и на државата.

Оттука, во рамки на предвидената постепена хармонизација, во јули 2025 година ќе се изврши намалување за 50% на разликата помеѓу царинските стапки што се применуваат за увоз на предметните стоки кај нас и царинските стапки за истите кои важат во ЕУ, со интенција за понатамошно доусогласување.

Наведената законска измена е во насока на зголемување на конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари и зголемување на македонскиот извоз, како и зголемен девизен прилив, а се очекува и зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата.

Со намалувањето на царинските стапки директно ќе се помогне во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

Со предложените законски измени е опфатено намалување и на царинските стапки за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Целта е да се помогне во енергетскиот сектор, во насока на зголемување на своите капацитети, зголемување на извозната конкурентност, и се очекува зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата.

Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за Царинската тарифа ќе биде доставен во Собранието на усвојување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин со пет услови за завршување на војната во Украина
Следна Статија Мицкоски уверува дека тендерската документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста, СДСМ обвинува за корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски: Економски раст за сите (инклузивен економски раст)

„Економија што расте, но не ги споделува придобивките од тој раст, не е само неправедна – таа е и нестабилна.“…

May 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поради една грешка, клима уредот троши трипати повеќе електрична енергија

Најголемата заблуда – вклучување само повременоМногумина мислат дека заштедуваат струја ако климата се вклучува само повремено, но експертите предупредуваат дека…

July 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа новата хала на компанијата Амфенол, со 200 нови работни места

Како што слушнавте и од директорот, станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?