Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата
ЕКОНОМИЈА

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Објавено May 28, 2025 16:55
Сподели
Сподели

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на исклучително сложени светски и домашни околности.

Во своето обраќање во Извештајот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека во овој период централната банка успешно се справи со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и со ризиците од деглобализација. Со посветеност, професионализам и знаење, Народната банка не само што ја зачува, туку и ја зајакна макроекономската и финансиската стабилност, со што даде силна поддршка за граѓаните и за стопанството.

Гувернерката посочува дека денарот остана стабилен, и покрај големите надворешни и домашни притисоци, а девизните резерви се двојно зголемени. Банкарскиот систем е посилен, со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведоа речиси на европските нивоа.

Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици.

Извештајот претставува сведоштво за визијата на Народната банка како независна и стабилна институција, којашто придонесува за одржлива и зелена економија и за подобар живот на граѓаните.

Извештајот за работата на Народната банка во периодот 2018 − 2025 година е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-izvestaj-za-raboteneto-na-narodnata-banka-vo-periodot-2018-2025-godina.nspx

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски уверува дека тендерската документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста, СДСМ обвинува за корупција
Следна Статија Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на…

July 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Свети Трифун ги опари лозарите: Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје

Вкупно 315.745.324 денари (5,2 милиони евра) денеска, на денот на заштитникот на лозарите Свети Трифун, им се исплатени на 11.689…

February 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки

Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен…

May 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците

Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?