Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании
ЕКОНОМИЈА

„Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании

Објавено May 29, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска се сретнал со менаџментот на германската компанија „Лидл“ која е во фаза на изградба на маркети на повеќе локации низ државата и на логистички центар во индустриската зона во Куманово.

На средбата, како што соопшти Министеството за економија, се разговарало за динамиката на реализација на инвестицијата на оваа германска компанија, а било посочено дека компанијата е во процес на воспоставување на соработка со голем број македонски компании чии производи ќе бидат дел од асортиманот на „Лидл“.

Заменик-министерот за економија потенцирал дека Владата стои на располагање за надминување на сите прашања и евентуални потешкотии со кои би се соочиле во текот на нивните активности.

-Тој изрази надеж за што е можно побрзо отворање на маркетите со што на македонскиот пазар би имале производи со европски стандарди и цени прифатливи за нашите граѓаните, како и за што е можно поголема застапеност на домашни производи во нивните маркети во Македонија и регионот, информира Министерството за економија.

На состанокот од страна на германската компанија присуствувале Милена Драгиска-Денчева, главен извршен директор на „Лидл“ – Бугарија, Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на „Лидл“ за Македонија и Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл“ – Македонија.

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна, застапен во 31 земјa со околу 12.000 продавници и повеќе од 360.000 вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“
Следна Статија Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Amazon предизвикува конкуренти со ‘AI фабрики’ во соработка со Nvidia

Ако името на производот ви звучи познато, тоа е во соработка со Nvidia, комбинирајќи ги AWS технологиите со технологијата на…

December 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски ќе објави инвестиција во ТИРЗ Тетово за 400 работни места

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со…

June 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Охрабрувачки економски показатели – октомври завршен со суфицит

По подолг период, Македонија има охрабрувачки економски показатели – октомври е завршен со суфицит од над милијарда евра, информираше на…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје,…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?