Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димовски за кандидати за градоначалници: Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ од претходните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димовски за кандидати за градоначалници: Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ од претходните избори
ПОЛИТИКА

Димовски за кандидати за градоначалници: Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ од претходните избори

Објавено May 29, 2025 20:23
Сподели
Сподели

Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ на локалните избори во однос на претходните избори, изјави Љупчо Димовски, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и вицепремиер за политички систем прашан за очекувањата за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

– Ние ќе се раководиме според расположението на јавноста и резултатите од анкетите. Таму каде што ќе се покаже дека наш кадар има добри изгледни шанси да биде градоначалник, постојат можности ние да го кандидираме, да го прифати нашиот коалициски партнер за да оди на избори. Инаку, генерално, мислам дека големи отстапки во делот на учеството на СПМ во однос на претходните избори не би требало да има, рече Димовски во интервју во Дневникот на ТВ Сител.

На неодамнешниот партиски Конгрес тој беше повторно избран за претседател на Социјалистичката партија која, пак, две децении е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето на што се должи тоа, одговори „пред сè заради довербата“ и затоа што за националните прашања немаат никакви разлики.

– Пред сè заради довербата едни во други, второ, заради искрениот настап и соработката што сме ја имале во секое поле и, трето, заради слухот на ВМРО-ДПМНЕ за оние прашања кои се од интерес на СПМ да бидат дел од владите со кои се раководело … По основ на националните прашања немаме никакви разлики. За жал, 120 години сме историски вратени назад и сосема е реално СПМ да соработува со ВМРО особено за националните прашања, истакна Димовски.

„Многу несериозно и неодговорно однесување во политиката“ го нарече излегувањето на Арбен Таравари од Владата и смета дека со промените во Вреди, Владата дополнително ќе добие на квалитет во функционирањето и ефикасноста.

Во однос на предлогот од Вреди министер за здравство да биде Азир Алиу, кој по професија е информатичар, претпоставува, рече, дека има добри менаџерски способности и оти ќе може „да се справи со многуте проблеми во здравството“.

Како што рече, можеби е предност да биде надвор од системот на здравството затоа што „со подруга диоптрија ги гледа сите проблеми и може да најде поефикасни решенија“.

– Сепак, последниот збор да му го оставиме на премиерот за прифаќање или одбивање на предлогот, додаде Димовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж
Следна Статија УХМР предупредување: Утре ќе дува засилен ветер, над 70 километри на час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ

Станува јасно дека дел од АА веќе нема да го следи Арбен Таравари. Вицепремиерот Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу,…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

Oфицијално: Изет Меџити ќе трча за Чаир

Попладнево од Влен соопштија повеќе имиња за нивните кандидати за градоначалници. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање Изет…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во слепа улица

Оваа Влада го изгуби компасот за само шест месеци и ја води државата во слепа улица, она од што лично…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?