Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила
СВЕТ

Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила

Објавено May 30, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД, привремено ќе бидат вратени додека трае жалбената постапка низ судскиот систем, одлучи Сојузниот жалбен суд.

Одлуката доаѓа откако панел од тројца сојузни судии заклучи дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на глобалните царини, повикувајќи се на закон што овозможува итни мерки во надворешнотрговската политика.

На почетокот на годината Трамп воведе универзална царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи. Најави уште повисоки стапки за земји како Мексико, Канада и Кина. Ги прошири таканаречените индустриски тарифи со дополнителни 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили.

Трговскиот суд пресуди дека претседателот нема законско овластување да наметнува огромни тарифи врз основа на Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби (IEEPA). Пресудата не вклучува индустриски царини, кои почиваат на друга правна основа

Белата куќа веднаш поднела жалба, а Апелациониот суд за Федералното подрачје одобри привремено задржување на пресудата:

„Барањето за привремено одлагање се уважува до степен до кој пресудите и трајните забрани на Стопанскиот суд се привремено прекинати до дополнително известување, додека овој суд го разгледува жалбениот предмет“, се вели во одлуката.

Тоа значи дека тарифите на Трамп остануваат во сила додека трае процесот на жалба.

Иако привременото враќање на тарифите е победа за Белата куќа, правната битка е далеку од завршена. Одлуката на судот за привремената суспензија не го прејудицира конечниот исход, но му дозволува на Трамп да задржи инструмент за трговски притисок додека трае правниот процес

Питер Наваро, еден од најблиските економски советници на претседателот Доналд Трамп, ја коментираше оваа одлука набргу по нејзиното донесување и рече – „Трифната агенда на Трамп не успорува, без оглед на правните пречки“.

Говорејќи откако Апелациониот суд привремено ги врати тарифите претходно укинати од Трговскиот суд, Наваро рече дека Белата куќа е подготвена да оди пред Врховниот суд за да ја брани уставноста на своите трговски политики.

„Подготвени сме да одиме понатаму во ланецот“, рече Наваро, јасно укажувајќи дека Врховниот суд останува клучна фаза во одбраната на овластувањето на претседателот да наметнува тарифи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија
Следна Статија Премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција и на средба со Виктор Орбан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Брук е убавата министерка за земјоделство на Трамп

Секој чекор на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп е будно следен од светската јавност, а многумина ѝ паднаа…

November 26, 2024
СВЕТ

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и…

May 28, 2025
СВЕТ

Ел Менчо падна поради жена

Мексиканската инфлуенсерка Марија Хулис  била во врска со нарко-босот Ел Менчо.Таа последна била видена во друштво на Немесио Осегера Сервантес,…

February 25, 2026
СВЕТ

(Видео) Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините

Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина.…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?