Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
МАКЕДОНИЈА

Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Објавено May 30, 2025 21:56
Сподели
Сподели

Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, вели известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за земјава Томас Вајц во изјава за бугарската телевизија БТВ.

  • Со сето должно почитување – сите култури, идентитети и националности во Европа се тесно испреплетени. Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, како граѓанин на Европската Унија, вели Вајц во пресрет на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Тој, претходно во интервју за „360 степени“ кажа дека неговиот нацрт-извештај за Македонија има неколку упатувања на признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за што е напаѓан од бугарските европратеници, но оти според него, „нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски“.

  • Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот. Јасно се споменува реалноста на независниот македонски идентитет и јазик, истакнува Вајц.

Тој очекува мнозинска поддршка за извештајот во Европскиот парламент.

  • Очекувам мнозинство за конструктивен извештај, бидејќи има големо мнозинство групи во Европскиот парламент што го поддржуваат процесот на пристапување на Македонија. Така што, мислам дека тоа ќе резултира со големо мнозинство. Иизвештајот ќе биде гласан дури следната недела, така што конечниот резултат ќе биде познат тогаш, кога ќе видиме како гласале различните членови на Европскиот парламент, особено во Комитетот за надворешна политика. Но, подготвениот нацрт јасно ги адресира потребните чекори за следната фаза – отворањето на преговорите, изјави Вајц
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одредени 30 дена притвор за насилник од Гостивар, нападнал и силувал жена
Следна Статија Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈСП утре останува без гас: Можни се откажувања на линии поради прекин на испораката

Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ информираше дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин во испораката на природен гас до…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер по ставањето на Груби на црната листа: Политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира

По објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Чучер Сандево изгаснат – хеликоптер од утрово гаси во Дојран, ер-трактор ќе дејствува во Македонски Брод

Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информираше за најновата состојба со пожарите. Тој рече дека пожарот во…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?