Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Објавено May 31, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со Оперативниот план 2025, насловена како „Визија за промена“, информираше дека Владата прави се младите луѓе и нивните семејства да бидат задржани во Македонија.

Со Оперативниот план, појасни и дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе придонесе што повеќе млади луѓе да останат во државата, а со тоа ќе се формираат повеќе семејства, што директно влијае на подобрување на демографската ситуација.

Како држава, нашиот прв приоритет треба да биде да ја доведеме ситуацијата на нула и, потоа, со системски решенија, да почнеме да градиме позитивен тренд.

„Благодарам за можноста да дискутирање, меѓутоа и за прашањето кое, еве, ја опфаќа демографијата, којашто министерката веќе ја напомена, нели, како една состојба со која се соочуваме во Македонија во изминатиот период. Многу добро кажа дека-правиме максимум да, пред сè, младите луѓе и нивните семејства бидат задржани тука, во Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади пред само, нели, десетина месеци, се трансформираше, стави буквално на агендата демографијата да биде значаен сегмент од нашето работење и тоа преточено во сите оние мерки коишто ги преземаме и денес, меѓутоа и преку самиот Оперативен план, којшто, еве, имаме можноста како комплементарен елемент на целата состојба, да помогне во тоа да младите луѓе, пред сè, и сите останати, нормално своето работно место да го најдат, тука, во Македонија.

Сето она што е опфатено како мерки од самото Оперативен план, буквално, во секоја една од нив, во сите оние обуки или услуги, се елементи од самото министерство. Мислам, кого кажувам елементи кажувам на сите оние, чинители коишто министерството, нели, има обврска да се грижи за нив. А тоа се приматели, одредена гарантирана минимална помош, жените Ромки, лицата со попреченост и сите останати, коишто буквално во секоја една мера се застапени и можат да бидат, нели, корисници на самите мерки. И тоа е добро за да може секој еден од нив, пред сè, како чинител во општеството, да излезе токму од тој денешен предизвик што го имаат, нели, во моментов. Дали е тоа од сиромаштијата во која се наоѓаат, или во состојбата на попреченост, каде што, се нели сега, денес во општеството, е една можност голема за нив, како пред сè, луѓе и индивидуи, да станат дел од вработување, а потоа, нели, и од самиот круг на социо-општествено живеење.

Меѓутоа, сето ова што го работиме денес, поставување на правна држава, поставување на вакви мерки коишто се надоградени со подобри услови, токму за најмладите и оние до 29 години, отвораме буквално можноста да останат тука, во Македонија, да можат да бидат дел од системот за вработување и буквално својот живот и семејство да го креираат токму тука, во Македонија. Со тоа, и одговорот, претпоставувам, дека на дел од прашањето за демографијата се темели на тоа, да колку повеќе млади луѓе останат тука, толку повеќе семејства ќе се формираат во Македонија, што ќе има директен позитивен ефект на демографијата.

Прв момент, како држава, ја доведуваме во ситуација на нула, а потоа да почнеме и да градиме систем на таа да иде во една позитива. Така што, еве, самиот принцип на овој Оперативен план на Министерството, на пристапот што го имаме сите, како и на Влада и министерства, заеднички и неразделно, да можеме да придонесеме за тоа демографијата навистина да биде број еден во Македонија, во овој момент.“, рече Велковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност
Следна Статија Српски туристи доживеале кошмар во Грција: Заработиле казна од 200 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата

Зградата на Владата утре напладне ќе биде блокирана од синдикалците како знак на протест против неисполнувањето на барањето за зголемување…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ги „дерат“ граѓаните: ДПИ откри маржи од 40 до 70 отсто

На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државаат ќе…

February 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?

Комисијата за жалби по јавни набавки ги одби сите приговори на трите оператори конкуренти кои учествувале на огласот за технолошко…

July 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?