Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип
ПОЛИТИКА

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Објавено June 1, 2025 14:11
Сподели
Сподели

Ги отфрлам овие неосновани обвинувања и апелирам СДСМ да не профитира политички на оваа ужасна трагедија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако опозициската партија  обвини дека заедно со обвинителот Коцевски го заштитува тогашниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски, за кого не е  покренато обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“. 

– Се разбира дека нема вистина. Јас жалам што СДСМ и инсталации во опозицијата се обидуваат на еден мизерен начин да ја злоупотребуваат оваа трагедија. Тоа што го прават е нечовечки и нехумано, но оставам граѓаните да судат и да пресудуваат. Луѓето во чие време се случија најголемите сообраќајни несреќи кои однесоа десетици човечки животи, луѓе живи гореа, додека компании во Хонг Конг регистрирани за трговија со банани и јужно овошје трипати ги натплаќаа вакцините во време на ковид-кризата, луѓето во чие време како Влада се случи најголемиот скандал во здравството, на Онкологија, кога беше јасно дека пациентите во терминална фаза наместо терапија добиваат раствори итн., изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институт за јавно здравје.  

Нагласи дека обвинителот Коцевски „никако не може да биде близок со ВМРО-ДПМНЕ“ и дека  тој бил предлог на претходната власт и го гласале тогаш нивни пратеници. 

Дента на несреќата, „долетале“, рече, обвинители предводени од тројца луѓе – актуелниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Гаврил Бубевски и Ислам Абази. 

-СДСМ, ДУИ и други политички партии може да ја потценуваат јавноста, но таа е свесна и многу добро знае кој стои зад изборот на овие три имиња  – Абази, Бубевски и Коцевски. Во една прилика во парламентот го читав листингот на пратениците кои го гласаа Љупчо Коцевски за јавен обвинител. Тој може да биде сѐ, но никако не може да биде близок до ВМРО-ДПМНЕ туку тој е јасно изгласан од мнозинството во Парламент и во Владата во која членувале СДСМ и ДУИ, на предлог на тогашниот прв заменик претседател на Владата, г. Артан Груби. Се разбира дека ги отфрлам овие неосновани обвинувања и ги повикувам СДСМ, но и останатите кои се обидуваат да профитираат политички на оваа ужасна трагедија, да не го прават тоа, истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани
Следна Статија Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: На Вреди ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт

Првиот вицепремиер и еден од лидерите Вреди, Изет Меџити во интервју за Алсат изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

СПОРЕД ОСВОЕНИ ОПШТИНИ ГО ПОБЕДИВМЕ СДСМ 10:1 Граѓаните избраа работа и дела, вели ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Трипуновски до Николовски: За сите незаконски постапки ќе одговараш!

За секое кривично дело, одговорност ќе има, пишува на Фејсбук, министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски Како што изминатиот период ветив,…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?