Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
ЕКОНОМИЈА

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Објавено October 5, 2024 14:07
Сподели
Сподели

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед.

Во извештајот се наведува дека курсот на домашната валута останува стабилен и се нотира заложбата и капацитетот на Народната банка за задржување на оваа стратегија и во следниот период. Нивото на девизните резерви е оценето како соодветно, со 4,5 милијарди евра во август годинава, при што во однос на надворешниот сектор како позитивна карактеристика се констатира и значајната улога на странските директни инвестиции во финансирањето на дефицитот на тековната сметка.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич констатира дека банкарскиот сектор е стабилен, односно добро капитализиран и ликвиден. Според Агенцијата, воведувањето на макропрудентните мерки во 2023 година доведе до понатамошно зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор и до извесна стабилизација на растот на станбените кредити на околу 10%, како и на одредено олабавување на растот на цените на недвижнините. Зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот придонесе кон унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во ауди криел 50 килограми марихуана
Следна Статија (ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Се финализира просечна потрошувачка кошничка, нема да биде за политиканство

Просечна потрошувачка кошничка е готова, се финализираат уште некои работи. Во неа сигурно нема да има цигари и алкохол и…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на бензините

Од полноќ горивата ќе се точат по нови цени. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат…

November 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот 8. Претходно, Бугарија…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?