Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција
СВЕТ

Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција

Објавено June 3, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Холандската влада падна утрово кога Герт Вилдерс, лидер на крајнодесничарската партија ПВВ, ја напушти владејачката коалиција поради несогласувања за плановите за азил, објавија холандските медиуми.

„Нема потписи за нашите планови за азил, нема промени во главниот коалициски договор. ПВВ ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалните медиуми.

На прес-конференција минатата недела Вилдерс презентира план од десет точки за намалување на миграцијата вклучувајќи распоредување на армијата за обезбедување и патролирање на границите, затворање на центрите за прием на бегалци и враќање на сите сириски бегалци во Сирија тврдејќи дека земјата повеќе не е земја со висок ризик.

Вчера, тој побара од тројца други лидери на партиите да ги потпишат плановите и да обезбедат дека некои мерки ќе бидат спроведени во рок од неколку недели. Во спротивно, тој објави дека ќе ја напушти коалицијата.

Четирите партии се состанаа вчеравечер и повторно утрово, каде што Вилдерс го потврди своето заминување, објави „Дач њуз“.

Лидерката на BoerBurgerBeweging (BBB), ​​​​Керолин ван дер Плас, го изрази својот гнев и го опиша потегот на Вилдерс како неодговорен. „Тој ги има сите адути в рака, а сепак само прекинува сè“, им рече таа на новинарите.

Николин ван Вронховен, која го замени Питер Омцигт како лидер на Новиот социјален договор (NSC), ја нарече одлуката неразбирлива, а Дилан Јесилгоз, лидерка на втората најголема коалициска партија, Volkspartij voor Vrijheid en Democratie (VVD), рече дека нема разлика во мислењата меѓу партиите.

„Имавме десничарско мнозинство, а тој фрли сè поради своето его“, им рече таа на новинарите. „Тој, едноставно, прави што сака“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
Следна Статија Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Членството на Украина во ЕУ нема да се случи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека членството на Украина во ЕУ „нема да се случи“. Според него, „Европската комисија…

July 4, 2025
СВЕТ

Хаос на климатски самит во Бразил: Домородно население упадна и се судри со обезбедувањето

Десетици домородни демонстранти вчера насилно влегоа во местото на одржување на самитот за климата КОП30 и се судрија со обезбедувањето…

November 12, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Ладно добредојде во Кина: Никој не ја пречека германската мнистерката за надворешни

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок допатува во официјална посета на Кина, а при слетувањето никој од кинеските…

October 28, 2024
СВЕТ

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан

 Израелските копнени сили навлегоа во најдлабокиот дел на либанската територија од почетокот на копнената операција пред шест недели, пред да…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?