Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Објавено June 3, 2025 16:15
Сподели
Сподели

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности.

– Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Во Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи, стои во соопштението.

Многугодишниот просек (1991-2020) за температурите на воздухот во летната сезона изнесува околу 16°C во планинските предели и до 26.1°C измерени во Гевгелија. Просечните врнежи во летниот период најмногу достигнуваат во источниот дел, околу 170 милиметри.

Според многугодишниот просек (1991-2020) температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 22.2°, 24.7° и 24.6° C. Просечната количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 47.6, 34.1 и 37.4 милиметри.

Од УХМР посочуваат дека во престојната летна сезона постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. Повремено може да доминираат субсезонски варијации, кои не се предвидливи долго време однапред, па затоа препорачуваат редовно ажурирање на прогнозата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УКИМ годинава испадна од листата најдобри 2.000 универзитети според CWUR
Следна Статија Уште една кривична за криминалите во Лотарија, со лош тендер украле 200.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски до СДСМ: Ви пречат резултатите од моето работење, оставка не давам!

Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“,…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?