Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Тирана натпревар Албанија–Србија: Мобилизиран најголем број полицајци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Тирана натпревар Албанија–Србија: Мобилизиран најголем број полицајци
БАЛКАН

Во Тирана натпревар Албанија–Србија: Мобилизиран најголем број полицајци

Објавено June 6, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Околу 2.000 припадници на полицијата ќе бидат ангажирани за гарантирање на безбедноста за утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство во фудбал 2026 меѓу Албанија и Србија, што ќе се одигра на стадионот „Арена Комбетаре“ („Ер Албанија“) во Тирана, јави порталот Балкан веб.

Станува збор за најголем број безбедносни сили досега мобилизирани за фудбалски настан во Албанија. Меѓу ангажираните се специјалните сили FNSH, антитерористичката единица RENEA, Одделот за неутрализација на вооружени елементи и албанската разузнавачка служба SHISH.

Главниот акцент на безбедносните мерки ќе биде ставен на српската делегација, која ќе биде под постојана полициска придружба од доаѓањето до заминувањето. Воведени се и строги правила за движење низ главниот град, како и детални контроли на влезот во стадионот и во неговата околина.

Антитерористичката единица ќе ги надгледува не само стадионот, туку и контролно-пропусните пунктови на границата. Уште пред една недела, на сите гранични премини се доставени фотографии на лица склони кон екстремизам, на кои ќе им биде забранет влез во Албанија.

Албанската фудбалска федерација (FSHF), во координација со безбедносните служби, постави напредни безбедносни системи на стадионот, вклучувајќи камери за препознавање лица и други надзорни камери што ќе го следат секое движење во и околу арената во реално време.

Билетите и личните документи на гледачите ќе се проверуваат строго. Сите патишта што водат кон стадионот ќе бидат целосно затворени, а околината ќе биде обезбедена со антидрон системи.

Албанија и Србија имаат долготраен конфликт поради Косово, што често се прелева и на спортските настани. Во текот на квалификациите за ЕУРО 2016 натпреварот меѓу двете репрезентации беше прекинат откако се случи инцидент со дрон со знаме на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), потсетува Балкан веб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС
Следна Статија Бекам ќе добие титула витез

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул

Двајца холандски тинејџери беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а се сомнева дека починале од труење. Според извештаите,…

August 25, 2025
БАЛКАН

Грчки левичарски сојуз е името на новата партија на Ципрас

– Денеска се раѓа нова политичка сила, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот…

May 27, 2026
БАЛКАН

Трагедија кај Сомбор: Томислав го убил синот единец, па си пресудил на себе

Во семејната куќа во Бездан кај Сомбор, Србија 48-годишен маж со неколку истрели од огнено оружје си го убил синот…

October 18, 2024
БАЛКАН

Истражувачот Османагиќ: Александар Македонски не говорел грчки јазик туку македонски

Трите најголеми митови но и измами на Балканот се дека сме потомци на Словените, дека потомци на Илирите се само…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?