Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Newsmax: Велика Британија инвестира 5 милијарди фунти во Македонија: Стратешко партнерство со ефекти за цел регион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Newsmax: Велика Британија инвестира 5 милијарди фунти во Македонија: Стратешко партнерство со ефекти за цел регион
МАКЕДОНИЈА

Newsmax: Велика Британија инвестира 5 милијарди фунти во Македонија: Стратешко партнерство со ефекти за цел регион

Објавено June 7, 2025 13:41
Сподели
Сподели

По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка на надворешната политика, настојувајќи да ја преформулира својата глобална улога. Еден од најновите примери за ваквиот пристап е стратешкото партнерство со Република Македонија, кое предвидува британска поддршка од 5 милијарди фунти преку UK Export Finance, пишува американски Newsmax.

Соработката го опфаќа развојот на повеќе клучни сектори – здравство, енергетика, транспорт и дигитална инфраструктура – и има потенцијал да ја трансформира македонската економија.

Ова партнерство  овозможува на Република Македонија да го искористи искуството и најдобрите практики на британската јавна администрација и бизнис секторот, што ќе помогне да се подигне нивото и на администрацијата и на бизнис заедницата во земјата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Покрај економските придобивки, Велика Британија со овој потег ја зацврстува и својата геополитичка позиција во Балканот – регион кој игра сè поголема стратешка улога во Европа. Досега се потврдени три групи на проекти: изградба на брза железница по Коридорот 10, изградба и реконструкција на болници во повеќе градови, како и изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Овие проекти ќе имаат мултипликативен ефект – ќе ја подобрат поврзаноста, ќе поттикнат раст во дополнителни сектори и ќе ја зголемат конкурентноста на македонската економија.

Покрај инфраструктурните придобивки, очекувањата се дека проектите ќе создадат и илјадници нови работни места, што е особено значајно за младата работна сила.

Развојот на брзата железница, пак, нема да биде важен само за Република Македонија, туку и за цел Балкан, бидејќи ќе овозможи подобра регионална интеграција и економска поврзаност, стои во објавениот текст на Newsmax.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вторник почнува постапката: Нови локомотиви, модернизирани станици и брз воз со кој за час и пол ќе стигаме до Солун
Следна Статија Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Забрана за дронови на територијата на Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка на Водно: Диви свињи шетаа по улиците и влегоа во двор

Се појави несекојдневна сцена во скопската населба Водно. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат четири диви свињи…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема повисоки плати за функционерите

Македонските функционери во февруари нема да добијат зголемени плати откако собраниската Комисија за избори и именување ја изгласа Одлуката за…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема силна економија без силни универзитети, кажа Мицкоски на камен темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети,…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?