Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски

Објавено June 8, 2025 19:54
Сподели
Сподели

Вие младите не сте само иднината на оваа држава-вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред. Не со страв, туку со идеи. Не со поделби, туку со заедништво. И затоа сакам денес да ви порачам: останете тука. Борете се тука. Градете тука. Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас им подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.

Денес, додаде тој, имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме.

-Еве го нашиот предизвик: да не дозволиме Македонија да остане заглавена во стари приказни. Да создадеме нова приказна – ваша приказна. Приказна на успех, знаење, правда и слобода. Младите на Македонија – вие сте тие што можат да ја променат оваа земја. Вие сте тие што ќе ја направат подобра. Не постои сила што може да ве запре кога верувате во себе и кога дејствувате заедно. Македонија мора да успее. И ќе успее, порача премиерот Мицкоски.

Според него, триесет години политичарите во Македонија никогаш отворено и вистински не говореле за младите, за тоа што е потребно да се направи за да тие вистински бидат среќни.

-Но и никогаш не ги слушаа што тие ни кажуваат, и тогаш кога многу работи укажуваа. Најголемиот неуспех на една држава се случува кога ќе згаснува жарот на младоста, кога младите ќе се уморат долго чекајќи да бидат слушнати и никогаш нема да дојде нивното време, рече Мицкоски.

Тоа што младите си одат од Македонија, според него, не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле.

-Денес мотивот за иселување од Македонија не е само побогат живот во странство, туку и желбата за подобар систем кој не го наоѓаат тука. Затоа си одат професори, доктори и луѓе на кои не им е најважна платата, туку иднината која не ја гледаат тука, системот кој ги изневерил многу пати порано. Затоа што нивните сонови беа уништувани системски и многу долго. Да погледнеме на вистината во очи. Имаме загубени генерации. Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат, порача Мицкоски.

Ова, смета тој, не е неуспех на еден човек, или само една генерација која водела политика во Македонија, туку заедничко потфрлање на сите до сега, кои не обрнале внимание на младите, кои систематски со неспособност, криминал и корупција го уништувале системот, кои не дозволиле сонот да стане реалност, кои секоја желба и мотив ја разградувале со колективните грабежи, со рушење на системот, со некадарност и грубо префрлање на вината.

-Загубените генерации не потетуваат на времето и не-делата што ги направија, и затоа кога зборувам за тоа што наследивме, тие кои не доведоа до тука не им се слуша. Но во исто време знам дека народот е уморен од изговори, од меѓусебно префрлање на вината и одбегнување на одговорност за работите кои се заеднички важни, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е дециден дека работите може да се променат само доколку отворено се пристапува и се разговара, и ако заеднички се води борбата.

-Затоа денес секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме дека може поинаку. Никогаш не ветував чуда, невозможни работи, но затоа беспоштедно и максимално ќе се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. И мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта, рече Мицкоски.

Но, како што потенцира, тој не ги повикува младите само да се надеваат туку да се вклучат, да се борат, да се исправат, затоа што, „никој нема да ни ја даде иднината на тацна, ќе мора сами да си ја изградиме, тула по тула, борба по борба, ден по ден“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На гробиштата во Бутел се крадат надгробни плочи
Следна Статија Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

По повеќе од 50 години: Почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница.…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон

Нов скандал го тресе македонското правосудство. Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?