Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје
ЗДРАВЈЕ

Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје

Објавено June 9, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Комисија составена од кардиолози, ендокринолози и специјалисти од оддел за интензивна нега и терапија ќе го истражуваат случајот со тригодишното дете од Кавадарци кое минатата недела почина на пат до скопските клиники.

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди дека докторите кои ќе го истражуваат случајот се повикани веднаш да почнат со работа. Комисијата ќе треба да утврди дали имало лекарски пропуст во лекувањето на детето.

  • Комисијата има за задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете од Кавадарци. За извршениот надзор, горенаведената Комисија, во рок од осум дена од денот на завршувањето на надзорот над стручната работа, доставува извештај за надзорот до заменик министерот за здравство. – Министерство за здравство.

Здравствениот инспекторат кој минатата недела изврши контрола врз здравствените установи каде детето било третирано не утврди пропусти во делот на нивните надлежности, но иницираше комисија која ќе го истражи и стручното работење на здравствените работници кои биле вклучени во лекувањето.

Семејството претходно обвини дека лекарите не доволно сериозно ја сфатиле состојбата на детето и побара истрага од здравствените власти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
Следна Статија „Мислам дека тука е маленкото“, им рекол Кешишев на полицајците кога дошле до дупката каде била закопана Вања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано…

July 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Германските научници пронајдоа антитело против ХИВ

Од 1981 година, кога болеста стана позната, СИДА-та одзеде 44 милиони животи низ целиот свет. Се смета за една од…

October 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок.На Клиниката за дигестивна хирургија е направена првата…

April 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје.…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?