Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет
МАКЕДОНИЈА

Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет

Објавено June 9, 2025 21:05
Сподели
Сподели

Дали министерот Трипуновски, ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата? Ќе биде ли сменет министерот за земјоделство, кој во изминатава година не покажа некакви резултати во овој исклучително важен сектор за државата. Освен отсуството на некои значајни резултати и Независниот синдикат на полицијата, пред извесно време поднесе барање за разрешување на Трипуновски, пренесе порталот Фактор.

„Како Грански независен синдикат на полицијата кој брои над 4.000 членови, во чиј состав влегува Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, како репрезентативен синдикат на ниво на Министерството, синдикат кој застана зад Министерот Цветан Трипуновски во времето кога сè уште не беше Министер, како синдикат кој вистински веруваше во зборовите кои ги кажуваше, синдикат кој го промовираше за вистинскиот човек за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во времето кога ниту еден друг синдикат немаше храброст да застане зад него, Ви се обраќаме со ова формално Барање за негово разрешување од функцијата Министер во рамки на најавената реконструкција на Владата“, се вели во барањето.

Оттаму велат дека ова барање „е резултат на длабокото разочарување од неговото постапување и односот кој тој го има не само со нас како синдикални претставници, туку и со вработените во Министерството и вработените од шумската полиција, но и со граѓаните генерално. Ова наше Барање доаѓа по игнорантскиот однос кој трае веќе една година, период во кој тој воопшто нема одговорено на ниту едно наше официјално Барање, информација или било каков допис кој ние го имаме доставено. Сметаме дека е апсолутно недозволиво еден претставник на Влада што се декларира за народна, транспарентна и принципиелна, да има ваков однос кон било кој синдикат, а најмалку кон еден репрезентативен кој претставува 1/3 од вработените. Неговиот арогантен однос за разлика од сите останати Министри во Владата со кои имаме одлична комуникација и соработка, воопшто не соодветствува со вредностите на Владата и политичката опција која тој ја претставува, ниту пак со основните принципи на демократско и транспарентно владеење. Односот во кој се изнаслушавме лаги од негова страна, а на последната изнудена средба која ја имавме на 15.05.2025 година, бевме оставени да чекаме цел еден час пред неговиот кабинет и на која воопшто не беа сослушани нашите добронамерни забелешки кои доаѓаат од вработените, на кои тој им ветуваше дека ќе бидат вклучени во сите процеси, е целосно спротивен на нашите очекувања и на очекувањата на граѓаните“.

Од синдикатот се надеваат дека претседателот на Владата сериозно ќе ја сфати состојбата и ова нивно добронамерно Барање, а најавената реконструкција на Владата ќе претставува можност за корекција на ваквите кадровски пропусти кои фрлаат сенка на сите останати избрани и именувани функционери кои искрено и чесно си ги вршат своите функции и нема да бидеме приморани револтот да го искажуваме преку прес конференции и протести кои поради поединци ќе бидат на штета на Владата во целина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елмас: Дојдовме, видовме, победивме
Следна Статија Што се случува во Лос Ангелес?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека нема никакво истекување на линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, реагирајќи…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември. Денеска е Св. Јован Златоуст. Свети Јован Златоуст е еден…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подготвителна седница за Законот за јазици на 19 јуни

Претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски најави дека на 19 јуни ќе се одржи подготвителната седница за Законот за употреба…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?