Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување
МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

Објавено June 10, 2025 12:31
Сподели
Сподели

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Синдикалните претставници коментирајќи ја ваквата одлука реагираат дека секој заслужува зголемување на плата но работниците заслужуваат повеќе од функционерите.

Верувале или не, платите растат, само не на работниците“, реагира претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според него, ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8% на платата на функционер веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува ( друго образложение нема), пишува Трендафилов.

Во денешниот Службен весник, појаснува Трендафилов, објавена е Одлука со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8% односно коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година.

„Ако се има во предвид дека основица за пресметка на плата на избрани и именувани е просечната плата за претходната година, тогаш моите скромни познавања од математика велат дека :
41.239 ден. x 2,24 = 92.375 ден.
41.239 ден. х 2,55 = 105.159 ден.
Разлика од 12.784 денари зголемување на плата од 1 јуни 2025 година, или раст од 13,8% !
Секој заслужува зголемување на платата, но работниците заслужуваат повеќе од функционерите, а ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите“, прашува Трендафилов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра
Следна Статија Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе остане покуса за 12 милиони долари американска помош!?

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за замрзнување на сите програми за странска помош на 90 дена на 20…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Христос воскресе, за многу години Велигден

Дилемите околу точниот час во кој починал Исус Христос кога бил распнат на крстот кои ги предизвикуваат различните наводи во…

April 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија на известувачот Вајц

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?