Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиничкиот во Скопје ќе се гради веднаш по здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клиничкиот во Скопје ќе се гради веднаш по здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово
МАКЕДОНИЈА

Клиничкиот во Скопје ќе се гради веднаш по здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово

Објавено June 10, 2025 13:09
Сподели
Сподели

Со парите од Велика Британија, Владата на Република Македонија планира да го заврши проектот за Клиничката болница во Штип, како и да отпочне со реализација на неколку клучни инфраструктурни зафати во здравствениот сектор.

Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека средствата ќе бидат насочени кон обновување и изградба на болници, студентски домови и универзитетски капацитети, кои според него биле ветени, но никогаш реализирани од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

– Ќе ја довршиме Клиничката болница во Штип, којашто беше запрена од претходната влада. Ќе изградиме и нова зграда за Медицинскиот факултет и студентски дом, нешто што само се ветуваше, но никогаш не беше изградено – рече Мицкоски.

Дополнително, според најавите, ќе започне и изградбата на нова болница во Кичево, како и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

Мицкоски истакна дека овие проекти ќе бидат приоритет во првата фаза, а доколку успешно се реализираат, ќе се премине кон амбициозната фаза – изградба на нов Клинички центар во Скопје.

– Ако сето ова го исполниме успешно, тогаш следниот чекор ќе биде изградба на нов Клинички центар во Скопје, кој ќе биде замена за сегашниот. Постоечкиот ќе се реконструира во рамки на можностите на Фондот за здравство и Министерството за здравство – рече премиерот.

Тој потсети дека претходно постоеле повеќе идеи за локацијата на новиот Клинички центар – од Злокуќани, до плато во Ѓорче Петров и касарната „Илинден“, но сите биле неуспешни, оставајќи го проектот само на хартија.

– Имаше многу идеи, но крајниот резултат е дека денес, во 2025 година, сѐ уште немаме нов Клинички центар кој одамна требаше да биде готов – посочи Мицкоски.

Новите здравствени инвестиции, како што најавуваат од Владата, ќе имаат за цел не само подобрување на болничката инфраструктура, туку и обезбедување на достоинствени услови за студентите по медицина, здравствените работници и пациентите ширум државата. Првите конкретни активности на терен, според премиерот, се очекуваат веќе оваа есен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија
Следна Статија Им се верува без збор: Знаци со најголем интегритет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на РЕК Битола од каде на сите православни христијани им го честиташе големиот…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес

Премиерот Христијан Мицкоски прес-конференцијата ја почна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ова денеска…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најавува пробен период од ноември за системот „Безбеден град“

Доколку ја комплетираме законската регулатива, некаде на средина на ноември ќе започне пробен период на функционирањето на системот „Безбеден град“…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Регистрирани 65.000 прекршоци за 12 часа со „Безбеден град“

Денеска од СВР Скопје го означивме стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?