Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје
ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Објавено June 10, 2025 19:52
Сподели
Сподели

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 и „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, лицето во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет.

– На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка калибар 7.62 х 39 мм, пиштол „Зораки“ за светлосна звучна сигнализација преправен во огнено оружје калибар 7.65 мм, полуавтоматски пиштол „Рангер“ калибар 9 мм, пневматски пиштол, една рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и други остри предмети и други предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело, стои во соопштението на МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот А.Р. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
Следна Статија Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина 33-годишен мотоциклист

Вчеравечер во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко,…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – Судот ја одби жалбата на ОЈО Кочани

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот притвор со ефективен затворски притвор…

November 24, 2025
ХРОНИКА

Му ветувал сигурни добивки од спортска – маж измамен за над 2.000 евра преку лажен Инстаграм профил

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?