Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани
ПОЛИТИКА

СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

Објавено June 14, 2025 14:41
Сподели
Сподели

Најавата дека Владата планира да го отстапи одморалиштето „Пониква“ како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагичниот пожар во Кочани отвора сериозни прашања околу професионалноста, одговорноста и капацитетите на институциите, изјави денеска д-р Елена Радевска, членка на Комисија за здравство на СДСМ.

Во продолжение нејзината изјава

Наместо да биде акт на грижа, оваа одлука изгледа како импровизација на сметка на здравјето на веќе трауматизирани и повредени граѓани.

Дали „Пониква“ е навистина погодна за медицинска нега?

Одморалиштето „Пониква“ е објект стар повеќе децении, наменет за одмор и рекреација, а не за медицински третман. Дали воопшто е проценето дали објектот ги исполнува техничко-технолошките стандарди, хигиенските и стерилни услови кои се минимално потребни за лекување на лица со изгореници и психо-физички трауми?

Зошто се игнорираат постојните специјализирани капацитети?

Македонија располага со повеќе објекти наменети за долготрајна нега и рехабилитација: Јасеново, Отешево, Лешок, па дури и делови од постојните клиники и болници кои можеа да бидат пренаменети и опремени. Зошто ниту еден од овие капацитети не беше земен предвид? Зарем здравствениот систем не знае со што располага?

Дали е ова одговорно институционално решение или само евтин пи-ар?

Наместо власта да се фали со нешто што не е за фалање треба да објави:

  • Дали објектот е прегледан и одобрен од Државниот здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и стручен медицински тим?
  • Кој ќе гарантира дека условите во „Пониква“ не се опасни по здравјето на пациентите?
  • Каков персонал ќе работи таму? Има ли стручни медицински лица, Доктори, физиотерапевти, психолози кој би се нафатиле да работат во субстандардни услови?

Човечкото достоинство и грижата за повредените не е и не смее да биде компромисна категорија.

Повредените во пожарот во Кочани не се бројки во извештаи, туку луѓе на кои им е потребна вистинска, стручно водена и квалитетна медицинска грижа. Затоа, заслужуваат рехабилитација во современи, професионални и безбедни услови – а не сместување во објект чија намена, состојба и безбедносни стандарди се сомнителни.

Ако државата навистина сака да покаже грижа, нека го стори тоа со дела, не со маркетинг. Во спротивно, оваа мерка ќе остане уште еден доказ за импровизираното менаџирање на кризи и за политичко прикривање на институционалната неподготвеност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски
Следна Статија Разбојници на секој чекор: Нападнале и ограбиле маж кој разменувал пари во менувачница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.Не постои никаква дилема…

February 25, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Се е претворено во шоу, власта не ја води државата туку ја режира

Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Ова е местото на кое што кандидатот на СДС, Заев и Филипче – Стевчо Јакимовски, вети дека до 2025 година…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Собраниското обезбедување спречило инцидент помеѓу Апасиев и Ристески

Изразената нетрпеливост помеѓу двајцата пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ - Димитар Апасиев и Петар Ристески денеска повторно дошла до израз…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?