Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ

Објавено June 14, 2025 16:09
Сподели
Сподели

Владата будно ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток, активиран е кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата помеѓу Иран и Израел.

-Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав, изјави премиерот по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така, упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.

Во врска со присуството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на настани во Руската амбасада, односно дали тоа ќе пречи во билатерални односи со западните земји, премиерот одговори дека не треба да има никаква дилема околу ставот на Владата за руската агресија. 

-Ставот на владата околу руската агресија е многу јасен, непроменет и прецизен, исто така и присуството на вицепремиерот Изет Меџити во Одеса е јасна потрвда, така што не треба никој да има апсолутно никаква дилема, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“
Следна Статија Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час

На граничниот премин „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила поради што времето на чекање за влез е околу 45 минути,…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како свештеник ги смири гневните граѓани во Кочани

Жители на Кочани, изреволтирани и гневни по вчерашната трагедија, денес излегоа на улиците во градот. Кога дел од присутните на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени

Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор.…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Силјановска Давкова на иста маса со Макрон, Стармер и кралицата на Данска

Зајакнувањето на Украина, општата состојба со сигурноста во Европа и перспективите за посилен и побезбеден европски континент во тековната геополитичка…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?