Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството

Објавено June 15, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Новиот министер за здраство Азир Алиу на денешната прес – конференција во Влада рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните.

Алиу посочи дека ќе се фокусира неколку клучни насоки и тоа спроведување на програмата 2024 – 2028, решавање на наталожените проблеми од изминатите години и воспоставување нова култура на стратешко и долгорочно планирање во Министерството со акцент на Националните стратегии како суштински документ, со цел, како што посочи да се изгради стабилен, политички независен здравствен систем.

– За да ги реализираме овие цели ќе градиме систем базиран на пет столба што ќе го трансфорираат здравсвото во поправееден и поефикасен сервис за граѓаните. Ќе изградиме мапа на здравствени потреби по региони и по општини што ќе покаже каде недостигат здравствени работници опрема или функционални центри. Вториот столб – транспарентност и отчетност во здравтсвнеите услуги, ќе креираме платформа за следење на перформансите на здраствениот ситем, секој граѓанин ќе има можност да види каде се третира побрзо каде резултатите се најдобри и каде има потреба од унапредување. Третиот столб е професионален развој и зајакнување на човечките ресурси, секојдневно ќе го зајакнуваме обучувањето на лекарите и медицинските сестри, и јасно ќе ги разграничиме клиничките од менаџерските услуги. Четвртиот столб е одржливо финанисирање и фокус на превенција. Ќе го напуштиме слепото финансирање, болниците ќе бидат поддржани според популацијата што ја покриваат и резултатите што се постигнуваат ќе ги следиме во реално време, и дигитализација – која подразбира и поврзување со ЕУ здравствениот систем, рече Алиу.

Тој ја најави Националната програма насловена „Порано подобро, превенцијата почнува со тебе“, со која секој граѓанин оваа програма преттставува покана за грижа и одговорност за сопственот здравје“ за која тој рече дека целта на прогрмата е да се откријаат навремено болестите и да се избегнат сериозни компликации секој граѓанин над 40 години.

Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“, со која секој граѓанин којшто има над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други. Истакна дека ова ќе се спроведе на тој начин што ќе има онлајн платформа на којашто граѓаните ќе можат да се пријавуваат.

Алиу воедно рече дека Кочани е во фокус на неговото работење и најави дека утре ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани а во наредните денови и со граѓаните во Кочани со цел да ги увиди нивните реални потреби.

-Дефинтивно Кочани ни е во фокус има работна група во Влада, исто така и ние имаме работна група во Министерството ние овие денови ќе бидеме во Кочани нема да одиме на средби со новинари, туку одиме да се видиме со граѓаните и лично да ни кажат кои се нивните потреби. Утре имам и средба со диркеотрката на болницата во Кочани затоа ќе почнам од таму. Од прв ден видов дека како Министерство немаме работна група за менаџирање со кризни ситуации и веднаш креирав активности за тоа да се случи и ќе видите дека наскоро за месец дена ќе имаме работни групи за сите можни катастрофи – дали природни или предизвикани од човечки фактор, рече Алиу.

Во однос на петтиот, односно последниот столб министерот оцени дека е централен и многу важен столб.

-Петтиот столб кој е централен во здравствениот систем е столбот за дигитализација е во сржта на секоја промена во која ја поставуваме технологијата како цел. Градиме целосен систем на електронско здравство, вклучувајќи електронска здравствена картичка, дигитални рецепти и упатувања како и платформи за ефикасно поврзување на пациентите со лекарите, изјави Алиу.

Додаде дека ќе бидат воведени меѓународни стандарди се со цел да се овозможи во иднина интеграција со европската мрежа.

Новиот министер за здравство исто така најави брифинзи со новинари секоја среда, а секоја недела прес-конференции на кои ќе ги најавува следните активности.

Во однос на обвинувањата од неговиот претходник Арбен Таравари дека не е лекар а ќе извршува функција на министер за здравство, Алиу истакна дека без разлика што не е лекар, може да придонесе во развој на здравствениот систем, бидејќи како што рече, „јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам систем во кој лекарите ќе можат да прават операција на срце“, со соодветни материјали, апаратура и простории.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Двајт Хауард се тепаше на баскет
Следна Статија Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денеска се сретна со делегација на Вертекс,…

October 18, 2024
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска нов в.д. директор на кочанската болница

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се…

February 26, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?