Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза
МАКЕДОНИЈА

Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза

Објавено June 21, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука, вели министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА, посочувајќи дека ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.

Филков нагласува дека Министерството за правда го добило мислењето од Венецијанската комисија за Предлог-законот за Судскиот совет и тие забелешки веќе се разгледани.

– Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина, вели Филков во интервјуто за МИА.

Кога зборуваме за доверба во правосудството, тоа, како посочува Филков, мора да почне од институциите што го водат системот – Судскиот совет и Јавното обвинителство и затоа тргнавме од таму.

– Советот, досега замислен како гарант на независноста, премногу често беше глув за скандали и молчеше кога требаше да дејствува. Сега тоа се менува. Воведуваме строги критериуми за избор и разрешување, обврска за транспарентност, контрола на интегритетот и, најважно, механизми за лична одговорност. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука. За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака, изјави Филков.

Што се однесува до обвинителството, Филков уверува дека тоа повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување.

– Новиот закон ќе обезбеди отчетност, засилена контрола од јавноста, како и рамнотежа меѓу хиерархијата и професионалната слобода. Не сакаме обвинителство што калкулира, туку што постапува. Воведуваме систем за редовна и објективна евалуација на обвинителите, како и јасна линија на одговорност. И во овој закон, внимателно ги вградивме речиси сите клучни забелешки од Оценската мисија, изјави Филков.

До крајот на годината, Филков вели дека има уште една важна задача – носењето на новиот Кривичен законик, што не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата.

-Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество, нагласува Филков.

Динамиката на спроведување на реформите, Филков уверува дека е интензивна, фокусирана и целосно усогласена со обврските што ги имаме преземено во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, и нагласува дека има политичка волја и јасна цел – да го испорачаме она што е договорено и потребно.

Министерот за правда Игор Филков во интервјуто за МИА, кое во целост ќе биде објавено утре, зборува и за сработеното во првата година од неговиот мандат, за измените на Изборниот законик, барањата за екстрадиции, ресурсите во правосудството и дигитализацијата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака изгледа тротоарот на кој од 22-годишник без возачка ѝ беше одземен животот на Александра
Следна Статија Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби

Универзитетската прoфесорка и поранешна министерка за образование и за правда, Рената Дескоска денеска се осврна на актуелната дебата околу актуелниот…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија информира дека, согласно последните податоци добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе…

March 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се открива бесправна сеча и лов, а ќе се следат и дивите животни: Во националниот парк „Маврово“ поставени камери

Управата на националниот парк „Маврово“ информира дека на 60 локации низ територијата на паркот  се поставени камери за надзор. Новиот…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци

Предвидено е проширување на патарината кај Миладиновци и зголемување на процентот на поминувања за електронска наплата на патарините (таг), најави…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?