Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг
Blog

Ставрески основа своја фирма за финансиски консалтинг

Објавено June 21, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Некогашниот вицепремиер за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески отвори фирма – финансиско консултативно биро, пренесе Фактор.

Ставрески од изминатите денови е сопственик на „Закс Консалтинг Дооел“ во центарот на Скопје, додека истовремено е еден од 17-мината официјални надворешни советници на премиерот Христијан Мицкоски, во неговиот случај за финансии и банкарство.

Ваквиот потег на поранешниот вицепремиер во владата на Никола Груевски следува откако до крајот на мај беше во потесниот неформален „список“ на кандидати за гувернер на Народна банка. Откако универзитетскиот професор Трајко Славевски беше официјално предложен за челната функција, стана јасно дека Ставрески нема да ја предводи централната банка.

И Драган Тевдовски, првиот министер за финансии во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, како бизнис консултант ќе се обиде своето знаење и искуство да го пренесе деловнички на клиенти откако пред неколку месеци ја основа фирмата „Даталитикс ОРГ“.

Тој е втор поранешен министер за финансии од претходната власт кој по политиката ќе се испроба и во бизнис секторот како консултант, откако лани есеноска Фатмир Бесими како главен извршен директор ја основаше „Srategers“, компанија за бизнис консалтинг и услуги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот на Палчо, сè уште е во полициска станица
Следна Статија Возел 190 на место каде е дозволено 80км/час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Епл потврдува дека Siri базиран на Gemini ќе користи Приватно Облачно Сметање

За време на презентацијата за финансиските резултати во Q1 2026, Епл одговори на прашања во врска со договорот за користење…

January 31, 2026
Blog

Доларот зајакна, цените на нафтата растат

На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна, што…

January 10, 2025
Blog

Волстрит падна – ни САД ни Кина не попуштаат

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и…

April 11, 2025
Blog

(Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија

Г.Т. на возраст од шеесет години загинал при обид да ограби локална продавница во Србија, кога врз него паднал фрижидерот…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?