Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одземена лиценца на фабрика за канабис од Струшко, запленети 382 кутии со марихуана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одземена лиценца на фабрика за канабис од Струшко, запленети 382 кутии со марихуана
ХРОНИКА

Одземена лиценца на фабрика за канабис од Струшко, запленети 382 кутии со марихуана

Објавено June 21, 2025 11:40
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против И.Б.(58) од с.Велешта, струшко и против правно лице лоцирано до с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Првопријавениот, во својство на управител на правното лице, постапил спротивно на одредбите на член 29 б и член 62 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции на тој начин што без ниту едно вработено лице склучил договор и набавил сув цвет од канабис. И.Б. за договорот не го известил Министерството за здравство, не обезбедил 24 часа физичко обезбедување, 24 часовен видео надзор, не обезбедил соодветни мерки за обезбедување на складираниот канабис.

По извршена контрола, од Комисијата за оценување на исполнетоста на условите во однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис при Министерството за здравство и од Владата на РСМ изготвен е Записник за увид на лице место и донесена е одлука за престанок на важење на одлуката за согласност и решението за давање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели на правното лице, по што складираниот сув цвет канабис е одземен и предаден на Агенција за управување со одземен имот.

Со судска наредба бил извршен и претрес во простории на правното лице и биле пронајдени документи за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело и во посебна ceф соба биле пронајдени 382 картонски кутии со марихуана, кои се одземени и предадени на Агенција за управување со одземен имот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот на ФФМ се сретна со првиот човек на ФИФА
Следна Статија Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нова снимка од дискотеката: Одете надвор, им велеше Панчо од ДНК на публиката

Одете надвор! Одете надвор, па ќе се вратиме, им велеше Панчо од ДНК на публиката откако се појавија првите пламени…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Жени се тепале во затвор, една е тешко повредена

На 24.02.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21:20…

February 25, 2025
ХРОНИКА

24-годишник пронајден мртов во када

Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Седум лица од тимот на ДНК загинаа во пожарот

Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Покрај Андреј, починати се и музичарот…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?