Од утре температурите повторно ќе се зголемуваат. Под влијание на воздушна маса од Африка, во нашата држава температурите ќе се искачат и до 40 степени.
Ќе биде сончево и многу топло со високо и опасно УВ зрачење.
Во сила се сите препораки за заштита од вакви топлотни удари: да не се излегува на отворено од 11 до 17 часот доколку нема поголема потреба, да се консумираат течности и лесна храна, да се носи светла облека. Хронично болните редовно да ја земаат терапијата.