Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби
ЗДРАВЈЕ

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Објавено June 23, 2025 18:41
Сподели
Сподели

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.

Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија.

-Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а временските услови се идеални, со што условите сосема им ги задоволуваат потребите. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ден на сончева светлина, а во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта, со што некои постепено се враќаат на своите нормални спортски активности од претходно. Сите се вклучени во системот „Мој термин“ во рамки на проектот за рехабилитација на Пониква., истакна Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница со проширена дејност – Кочани.

На Одделот за хирургија во болницата во Кочани веќе се обезбедени услови за ПРП терапијата на повредените според списокот што е добиен од Клиниката за пластична хирургија.

-Терапијата ќе се спроведе в петок во соработка со специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Во нашата болница ќе продолжи и физикалната терапија за 16 повредени, оваа недела ќе се реализира во втора смена, во адаптираните простории на хирургија. Дополнително, стигнаа и повредените од болницата „Пирогов“ во Софија кои ќе се вклучат во терапијата во болницата кај нас, затоа што сѐ уште ќе имаат обврски за прегледи во бугарската здравствена институција. Со оглед што реконструкцијата на просториите за физикална терапија оди според планот, очекуваме за три недели да почнат да се користат условите таму, додаде Мирчовска.

Во втората група повредени кои ќе престојуваат на Пониква, освен оние на кои име потребна физикална терапија, ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои им завршило лекувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tрансфер бомба: Аргентинец го засили ФК Вардар
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: За повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти во сладната година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Владата најде решение: Ќе се стави крај на хаосот со паркирањето на Клинички

Долгогодишниот проблем со пристапот до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје конечно влегува во фаза на решавање. Владата вчера одлучи…

December 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Повлечени илјадници тегови путер од кикирики поради потенцијални страни материјали

Прехранбените власти издадоа предупредување за повлекување на производите заради безбедносни причини

February 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на мајмунски сипаници, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?