Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД
ЕКОНОМИЈА

Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Објавено June 25, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде зелено светло на планот на Владата за намалување на царинските давачки за голем број суровини и репроматеријали кои се клучни за домашната индустрија и енергетскиот сектор. Со предлогот се предвидува намалување до 50% на царинските стапки кои важат во ЕУ и се укинуваат царините за увоз на стоки со потекло од САД, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Според него, овие мерки ќе имаат повеќеслојно позитивно влијание: намалени трошоци за производство, подобрена конкурентност на домашните компании на странските пазари и поттикнување на нови инвестиции и отворање нови работни места.

Како што рече, укинувањето на царините за стоки со потекло од Соединетите Американски Држави не е само трговска, туку и стратешка и дипломатска одлука – сигнал за нашата зголемена подготвеност за продлабочена економска соработка со стратешките партнери и поддршка за слободната и фер трговија.

„Со оваа законска измена македонските компании ќе бидат поконкурентни, цените на производството ќе се намалат, извозот ќе се зголеми, што директно ќе се одрази врз растот на националната економија“, рече Пренџов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија
Следна Статија Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат…

October 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот 8. Претходно, Бугарија…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти

Двете одлуки кои ги донесе Владата за ограничување на бруто профитните маржи кои овојпат беа скалести, 5, 10 и 15…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото и среброто со историски рекордна цена

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?