Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 1 јули: Хрватска подготвува големи промени во пензискиот систем, се воведува и „13-та пензија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од 1 јули: Хрватска подготвува големи промени во пензискиот систем, се воведува и „13-та пензија“
БАЛКАН

Од 1 јули: Хрватска подготвува големи промени во пензискиот систем, се воведува и „13-та пензија“

Објавено June 28, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Хрватскиот парламент вчера го усвои новиот Закон за пензиско осигурување, кој најавува неколку големи промени во системот.

Според медиумите во Хрватска, целта е да се зголеми просечната пензија до крајот на мандатот од сегашните 645 на 800 евра. Исто така, се воведува исплата на постојан годишен додаток на пензија, кој колоквијално се нарекува 13-та пензија.

Овој надоместок е поврзан со годините на стаж, а износот што владата ќе го утврди во октомври ќе се помножи со годините на пензиски стаж, пишува Index.hr.

Дополнително, на мајките им се доделуваат 12 месеци стаж за секое родено или посвоено дете, наместо претходните шест. „Од 1 јануари 2026 година, казната за предвремено пензионирање по наполнување на 70 години ќе биде укината, што ќе ги зголеми пензиите за корисниците за просечно 60 евра“, се наведува.

На оние лица кои имаат инвалидски пензии ќе им биде дозволено да работат до три и пол часа на ден, со што ќе бидат изедначени со ветераните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најк во големи проблеми поради царините на Трамп, ќе мора да плати милијарда долари дополнителни трошоци
Следна Статија Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Градат 2.000 станови: Целта е цената за квадрат да се намали на 3.000 евра

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да започне изградбата на дополнителни 2.000 станови…

December 3, 2024
БАЛКАН

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА

Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени…

March 17, 2025
БАЛКАН

Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“

Традиционалните кошнички за празниците што во изминатите години се воведуваат во грчките маркети и продавници и вклучуваат сезонски производи, нема…

December 10, 2024
БАЛКАН

Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада

Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада,…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?