Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни
ХРОНИКА

Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни

Објавено June 29, 2025 23:02
Сподели
Сподели

Пожар избувна во валандовското село Јосифово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Првично гореше сува трева, но поради силниот ветер и високите температури, огнот се прошири и го загрози населеното место.

На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија.

Како што информираат од ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.

Пожарот е ставен под контрола со брза интервенција на пожарникарите.

Хеликоптерот не морал да интервенира, туку изврши само извиднички летови.

Според информациите на ЦУК, до 21 часот на територијата на државата се активни три пожари, и тоа во скопската Општина Шуто Оризари во населбата Визбегово, каде гори ѓубриште на дива депонија. Овој пожар претходно е изгаснат, но повторно е активиран.

Вториот пожар е во Општина Прилеп во селото Бешиште, каде гори сува трева и мешана шума, а третиот е во Општина Новаци, кај селото Градешница, каде гори шума.

Во државата денеска се евидентирани 25 пожари на отворено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: „Вчерашната Парада не е прашање на гордост, туку на срам!“
Следна Статија Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Србин со камион удрил во објект на македонска царинска управа

На 20.10.2025 окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг…

October 21, 2025
ХРОНИКА

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри,…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Разбојник ѝ скинал ланче од вратот на скопјанка на постојка во Центар

На 10.04.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, С.М. од Скопје пријави дека околу 10:30 часот на автобуска постојка на…

April 11, 2026
ХРОНИКА

Четири деца и пет родители ќе одговараат за матретирањето на девојчето во Аеродром

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?